Историја

Историја

Преку 100 години покрај професионалците

Во 1903 е создадено првото комерцијално возило Фиат: со 24 коњски сили. Од тогаш нашата историја помина повеќе од еден век, нудејќи секогаш различни модели, изведени за да ги задоволат потребите на секоја епоха. Пат изминат, деценија по деценија, до откривањето на креацијата и растењето на марката, преку еволуција и растечки успех на нашите возила.

1901 – 1910

1901: на изложбата во Милано новосоздадената Италијанска Фабрика на Автомобили Торино изложува два омнибуса и една пожарникарска платформа. Така се отвора патот на она што, само две години подоцна, ќе биде првиот вистински камион Фиат, моделот 24HP. 1903: производството на лесни комерцијални возила започна со моделот 24HP, чие име потекнува од моќноста на неговиот мотор, измерена во коњски сили на пареа. Димензиите се – слични на оние на актуелните возила – но, со употреба и носивост на вистински камион, моделот 24HP има платформа од дрво која може да носи до 4000 kg роба. Со оглед на природата на моделот 24 HP, во револуционерната епоха, станув а неопходно да се експериментира преку конструирање на три прототипа. Следат тестови и моделот 24 HP ги надминува сите, така што дури и оружените сили го гледаат новото возило со голем интерес.

1906: моделот 24HP се произведува во мала серија но, веќе неговиот наследник, „камион-автомобил“ 18-24HP, се произведува во многу примероци и постигнува голем успех.

1911 – 1920

1911–1915: започнува производството на првите “вистински комерцијални возила”. Производниот поттик е диктиран пред сè, од потребата на првата светска војна и всушност, во овој период , извозот претставува многу важна ставка во вкупниот приход на торинската куќа. И токму војската е правиот коминтент на Фиат, кој ги обезбедува со лесни комерцијални возила Министерствата за војна на Франција, Русија, Грција и Велика Британија. 

1911: е создадено 1F (каде F значи “фургон”), првото возило со фургон каросерија. Со работна зафатнина од 1846 cm3 и носивост од 500 kg, ова подвижно возило кое потекнува од шасијата на автомобилот TIPO 1, е идеално за услуги на кратко растојание. Затоа и Британската пошта ќе набави неколку примероци. Во истата година: се појавува и робусниот 2F. Кое води потекло од TIPO 2 од 1910, има работна зафатнина од 2813 cm3, моќност од околу 20 КС и носивост од 1000 kg. Во неговата верзија на камион со сандак и церада е редложен како воен камион и е многу користено за транспорт на луѓе и материјали. Во ваква конфигурација влегува и во Кралската морнарица на Англиската кралска марина.

1921 – 1930

1922: подоцна економската криза од 1921, и други елем,енти придонесуваат пораст на секторот, како и преуредување на нормативот за сообраќај (симнување на обврската за сообраќајна дозвола и број на табличка за секоја провинција) и започнување на работите во март 1923, на Милано-Лаги, првата артерија со една лента наменета за транспорт на стока.

1925: заедно со промените кои се во тек, Фиат решава да инвестира повеќе во производството на транспортни возила, проширувајќи ја гамата со измени во понудата во однос на носивост, обем и мотори. Токму во овој период се потврдува дефиницијата “лесно комерцијално возило”. Различните лесни камионети како 502F,  503F,  505F, 507F и 509F се одговар на растечкото побарување на специјализирани возила за прецизните потреби за работа и транспорт (вклучувајќи ги и намените за амбулантни потреби, противпожарни возила, поштенски и сл.).

1928: Фиат дополнително се обврзува да го забрза растот на транспортот на патиштата и го поддржува проектирањето на Торино-Милано, артерија која би ги поврзала двата најважни производни полови во Италија. Меѓудругото, се формира SAVA (Società Anonima Vendita Autoveicoli – Автономно друштво за производство на возила) кое ги промовира олеснувачките околности за купување и на тој начин продажбата на средства.

1931 – 1940

Фиат се соединува со специјализираните торински марки за производството на возила, за да ги намали трошоците на производство и за да го отвори патот на една ветувачка иднина.

1932: е создадено Balilla Van (Балила Ван), малиот камион 508. Лесен, управлив и лесен за возење, “пигмеецот” – така беше наречено новосоздаденото возило – претставува коренита промена во транспортот на стоки за славниот автомобил: удобност, намалени потрошувачки, 75 km/h максимана брзина и носивост помеѓу 320 и 380 kg. Тоа беше огромен успех: 113 илјади продадени примероци на Балила – меѓу кои многу камионети!
Во овој период се појавува и првиот камион Фиат со дизел мотор, coздаден за транспорт на стока. Тоа е 621: со капацитет за товар од 2250 Kg, затворена кабина со две врати за пристап, со стакла на спуштање, шофершајбна на отворање, сандак со страници кои се спуштаат и можност да биде натоварен со метални арки за да се постави непропусна церада.

1934: гамата се збогатува со еден дизел мотор со 4 цилиндри со 55 КС моќност наспроти 45 КС на бензинскиот мотор. Не само тоа. Среќната серија 621, освен дизел и бензин моторите, се збогатува со верзии на електричен погон, со пакет батерии под шасијата.

1941 – 1960

Првата половина на ’40 години: производството на Фиат драстично опаѓа, како заради вовлекувањето во неповолната војна, така и поради бомбардирањата кои тешко го оштетутваат градот Торино, фабриките на Фиат и бројните мали фабрики добавувачи.
Фиат сфаќа дека развојот на акономијата не се однесува само на индустријата, туку и на малите активности на автономната дејност: трговци и занаетчии кои имаат потреба од соодветни средства за нивните потреби за транспортирање на мали делови на роба, примеорци иили алатки . Таквото внимание се конкретизира
почнувајќи од 1947.

1947: силен, благодарение на одличниот комерцијален прием на автомобилот 1100, Фиат решава да реализира верзии кои потекнуваат од комерцијалните возила. 

Фиат 1100 ALR (АЛР) е еден од првите комерцијални модели, произведен веднаш по војната, факт кој, заедно со неговите извонредни карактеристики го претвора за кратко време во еден од симболите на италијанската преродба. Опремен со доверлив мотор, со исклучително робусни трансмисии и со отпорна и повеќенаменска шасија, која се адаптира за најразлични употреби (земјоделски, индустриски, транспорт на патници и материјали) Фиат 1100 ALR се смета за претходник на идните модели на комерцијални возила.

1961 – 1970

1967: во продолжение на резултатот постигнат со 600 multipla (Мултипла), Фиат ја обновува гамата на комерцијални возила со воведот на Фиат 238, фургон со големи димензии базиран на механиката на автомобилот Primula (Примула) Аутобјанки со мотор 1.2 бензинец со 44 КС и 105 km/h максимана брзина. Произведуван од 1967 до 1983, Фиат 238, сè до неговото претставување на пазарот беше на располагање со различни нивоа на опременост: фургон, камион, само кабина, транспорт на патници и амбулантно возило. Ваквата филозофија влијаела и силно ги обележала следните модели Фиат 242 и Фиат Ducato.

1971 – 1980

Средина на ’70 години: Фиат се специјализира во различни сектори: од производството на автомобили се издвојуваат индустриските возила, во 1975 се формира IVECO (важна етапа во историјата на транспорт на стоки) и е создадена марката Лесни комерцијални возила Фиат, која на пазарот ги пласира моделите 242, 850T, 900T и Fiorino (Фиорино) 127 (конструирано во Бразил и кое и ден денес е во производство).
Произведен кон крајот на 1987, моделот Фиат 242, доминираше на пазарот во седумдесетите години: робусен и доверлив, со низок праг на товар и многу правилно ниво, се користи за многу специфични возила со верзии за јавен
транспорт и за мешан, а тука се вклучува и најпродаваната верзија за слободното време, адаптирана во кампер.
Како во Италија, така и во Европа, се потврдува годиниве побарувачката на мали фургони за транспорт во градските зони, како и меѓуградското поврзување. Фиат одговара со 127 Fiorino (Фиорино), прв мал фургон кој се произведува во Италија. Моделот 127 станува најпродаван автомобил во Европа и ги задржува механичките карактеристики и комфорот, предноста на капацитетот за товар од 360 kg плус возач и една серија плус во однос на конкуренцијата: спојлер, разделна преграда од возачкаат кабина (која на делови може да се извади) и задни врати кои може да се блокираат со отворање под агол од 90°.
Меѓу новитетите од 1978 секако дека свое место наоѓа и верзијата Panorama од гамата 238E, патничко возило со 9 седишта создаден за да одговори на новиот пазар за групен транспорт. Aдаптиран за да може да носи на работа или на одмор 9 лица кои решаваат заедно да патуваат, со заштеда на потрошувачката, за кратко време станува идеално возило за различните сектори каде се употребува, како: хотели, фирми за издавање на возила, спортски друштва.

1991 – 2000

По Ducato следат, во ’90 години, други успешни модели како: Scudo (Скудо), Doblò (Доблò) и Ван верзиите кои соодветствуваат на автомобилите.

1995: Scudo е создадено со цел да се понуди ново комерцијално возило на професионалците кои бараат превозно средство со компактни димензии, со добар капацитет на товар, но кој се вози како да е автомобил. 

2000: Doblò, се произведува во Турција, лансирано на пазарот во Италија во 2001, а потоа и во останатите земји. Веднаш постигнува забележителен успех. Се вклучува и концептот pick-up – од 1981 со Fiorino – со создавањето на Strada(Страда) pick-up од фамилијата на Palio (Палио).

1991 – 2000

По Ducato следат, во ’90 години, други успешни модели како: Scudo (Скудо), Doblò (Доблò) и Ван верзиите кои соодветствуваат на автомобилите.
1995: Scudo е создадено со цел да се понуди ново комерцијално возило на професионалците кои бараат превозно средство со компактни димензии, со добар капацитет на товар, но кој се вози како да е автомобил.

2000: Doblò, се произведува во Турција, лансирано на пазарот во Италија во 2001, а потоа и во останатите земји. Веднаш постигнува забележителен успех.
Се вклучува и концептот pick-up – од 1981 со Fiorino – со создавањето на Strada (Страда) pick-up од фамилијата на Palio (Палио).

2001 – 2010

Фиат Професионал продолжува да расте, гамата потполно се обновува и се збогатува со нови модели.

2006: е година на лансирање на Новото Дукато. Авангарден изглед кој се издвојува, комфор и перформанси на највисоко ниво, збогатени телематика и сигурност, намалени трошоци за одржување и бројни признанија од интернационалниот печат за најдобро возило според трансформациите за слободно време.
Истата година Doblò Cargo(Доблò Карго) ја добива интернационална престижната награда “International Van of the Year 2006” (Интернационален Ван на годината 2006) благодарение на новиот дизајн, на новите верзии со долго меѓуоскино растојание, на извонредните дизел мотори Multijet и Natural Power и и на зголемената носивост и простор за товар.

2007: на пазарот пристигнува новото Scudo, возило кое може да ги спои карактеристиките на патничките автомобили (перформанси, управливост и комфор) со оние типични за работните средства (капацитет на товар, лесен утовар, доверливост) и да ги подобри силните страни на претходниот модел со комплетирање на гамата на возила со верзија за транспорт на патници.

2008: е година на новото Fiorino: создадено за да одговори на најсовремените потреби за транспорт на стоки во град, за оние кои поминуваат многу часови или треба да извршат многу испораки (како занаетчиите, мајсторите, услужни фирми или пак поштенски сервис). Единствено и иновативно, со оригинален и динамичен стил, компактен, лесен за товарење, агилен во сообраќајот, со ниски трошоци на одржување, ја доби престижната наградата International Van of the Year 2009 (Интернационален Ван на годината 2009), интернационално признание за сигурно и лесно управливо возило, кое „може да стигне таму, каде другите не можат”.

2010: Новото Doblò Cargo стапува на сцена! Зафатнина на товарен простор до 4,6 m3, 1 тон носивост и до 3,4 метри должина на товарниот простор; потрошувачка NEDC од 4,8 литри/100 km, автономија 1.250 Km и емисии на CO2 од само 126 g/km со мотор 1.3 Multijet II Euro 5 од 90 КС; единствен во сегментот со поптпирање Bi-link. Фургонот со вакви рекордни карактеристики го добива признанието Van of the Year 2011 (Ван на годината 2011). Пристигнува  Fiorino model year 2011, подновени гама на мотори, дизајн на инструмент таблата, внатрешни пресвлеки и бои на каросерија, како и содржини на производот. А, новото Doblò Cargo – денес и во верзија Natural Power – ја добива наградата Фургон на годината на Европа 2011.

2011 – Денес

2011: повторно е година на Ducato, веќе триесет комерцијално возило, со своите 5 генерации, безброј успеси: преку 2,2 милиони возила продадени во светот од 1981 до денес.
Новото Ducato продолжува да се издвојува по својот оригинален дизајн и во целост ја обновува гамата на мотори нудејќи 4 нови мотори Euro 5 турбодизел со директно вбризгување Multijet, со моќности од 115 до 177 КС, со менувачи со 5 или 6 брзини со рекордно ниски потрошувачки и емисии на CO2 (почнувајќи од 6,4l/100 km и 169 g/km без ограничување во користењето или поставување на специфични содржини). Doblò Cargo, возилото со рекорди, и понатаму изненадува: доаѓа верзијата Work-Up, придружник во работата, доверлив и робусен кој располага со најдобар сооднос на зафатнина на товарниот простор и носивост. Неговата силна страна е сандакот со повеќеслоен дрвен под: 2,3 m должина, 1,82 m од ширина и 4 m3 површина каде може да се сместат до 3 европалети или пак 33 гајби овошје, така да во него може да се смести каков и да е тип на товар.

2012: пристигнува новата Фиат Strada (Страда), наследник на лидерот на јужноамериканскиот пазар за лесен транспорт. И не само тоа: дури 127.800 возила продадени низ светот. Strada во 2011 е вториот најпордаван модел на Фиат Професионал, веднаш по Фиат Ducato.

2014: година на деби на шестата генерација на на најпродаваниот модел на Фиат Професионал, Ducato New Generation (Дукато Новате генерација), создаден во развој на три линии: робусност/доверливост, ефикасност/ниски трошоци на одржување, нови содржини и висока технологија. Нов стил на надворешноста создаден од авангардниот ‘car design’ што, заедно со концептот на вистинско лесно комерцијално возило, оддава силен впечаток на динамизам, сигурност, квалитет и робусност.

Освен силниот и единствен изглед, Ducato New Generation нуди содржини од високата технолгија, благодарение на уредите за сигурност и помош при возење од последната генерација. Продолжува да бележи сè пониски емисии и потрошувачки во категоријата (до 5,8 l/100 km) благодарение на подновената гама на мотори Multijet Euro 5+ што ја потврдува посебната и ексклузивна стратегија “one-mission – one engine” на Фиат Професионал.

Најново од Fiat