Ducato за надградби

МИЛТИМЕДИЈА

Ducato_nadgradnja_front_panel_640x300


UCONNECT РАДИО



Најновата генерација на мултимедијални радија, кој располага со систем од 4 или 6 звучници (во зависност од моделот) за високо-квалитетен аудио звук, и тоа благодарејќи на:

5” LCD екран во боја, овозможувајќи Ви контрола на радио станиците, телефонските повици, надворешни уреди и УСБ, како и поглед на возилото одзади додека маневрирате со истото, благодарејќи на сликите од видео камерата (алтернативно).
Bluetooth поврзаност која овозможува лесно маневрирање со телефонот и дојдовните СМС пораки, преслушување на музика и радио станици во streaming mood директно од Вашиот мобилен телефон, без притоа да имате птореба да ги тргнете рацете од воланот.
Вградени CD и MP3 плеери, како и контролни механизми на самиот волан.

Сите радија се достапни со DAB (Digital Audio Broadcasting) верзии и се компатибилни со поголемиот дел од мултимедијални формати на фајлови.

UCONNECT РАДИО НАВИГАЦИЈА


Развиена во соработка со TomTom, ги вклучува сите обележја на Uconnect радиото, инкорпорирани преку функција за сателитска навигација, кои се пристапни преку едноставен, детален и ефективен навигациски интерфејс.
Претходно вчитаните мапи вклучуваат милиони места од интерес.
Системот вклучува iq-рути и секогаш ажурни информации благодарејќи на вградениот TMC приемник.
Многуте различни функции се сосема едноставни за управување, без притоа да имате потреба да ги тргнете рацете од воланот.

БЕЗБЕДНОСТ

Работете и патувајте во максимален спокој
Ducato само по себе значи возење во максимална безбедност и врвни перформанси. Тоа навистина располага со најсофистицирани контролни технологии, кои можат да бидат управувани од патничкиот дел многу ефективно и едноставно.

POWER STEERING

Сите возила се достапни со оваа технологија за моќен серво управувач како стандард, сè со цел поедноставно паркирање.
На располагање како стандардна верзија кај 130-150-180 MultiJet е Servotronic, варијабилен засилувач на управувањето кој го намалува потребниот напор за вртење на воланот дури и за 50%, споредбено со стандардниот хидрауличен систем на управување, притоа гарантирајќи максимална прецизност за време на возењето дури и при висока брзина..

CRUISE CONTROL

Cruise Control контролниот систем овозможува да го управувате возилото со посакуваната брзина без притоа да морате да ја користите педалата за забрзување.
Идеален за долги патувања
Постои можност за автоматско деактивирање и тоа преку користење на кочницата, куплунгот или пак преку притискање на соодветното копче.
Ограничувачот на брзини спречува можно надминување на селектираната брзина без намера (достапно само кај верзиите 130 HP и 150 HP 2.3 литарски мотори).
Идеално возило кое Ви овозможува да се концентрирате на Вашето возење, без опасност од надминување на дозволената брзина, и тоа во целосна безбедност.
Подесувањата на брзини можат да бидат променети преку користење на оперативните функции на левата дршка од воланот.

TRACTION

Овој интелигентен електронски диференцијален систем гарантира подобро справување и безбедност, дури и кога се наоѓате на нерамни подлоги:
За стартување на возилото на лизгави подлоги, кал, песок или снег, системот вртежите од тркало кое прозлизгува и ги префрла истите на воланот со најдобар стисок и цврстина, повторно воспоставувајќи нормално прилепување на подлогата.
Не е вклучена дополнителна тежина кај возилото.
Може да биде активирано сè до 30 km/h и само таму каде што е неопходно, користејќи за таа намена специјално копче.

HILL DESCENT CONTROL

Овој механизам Ви овозможува успешно да се справите со спуштање по овие подлоги со наклон сè до 50%, и тоа додека патувате со сетирана брзина и без да ги активирате уредот за кочење или забрзувачот, на тој начин можете да се сконцентрирате само на возењето.

УРЕД ЗА ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА (ESC)

ECS уредот го вбројува новото Ducato на листата на најбезбедни возила во својата категорија.

ANTI ROLL MITIGATION

Дополнителен механизам за поддршка на овој ESC систем кој ја гарантира стабилноста на возилото дури и во ситуации под ризик од превртување и тркалање, па и онаму каде што тој ризик е проценет како поголем, односно кога центарот на гравитација на возилото е особено висок како резултат на тежината, или пак во случај на странично влечење.

LAC

Електронска контрола на товарот LAC – врши проценка на товарот, како и на центарот на гравитација, со цел да го прилагоди за активирање ESC системот.

HILL HOLDER

Функцијата е незаменлива при активирање на возилот на угорници, таа го проширува притисокот на кочењет кога е отпуштена кочницата со цел да го спречи возилото од лизгање наназад, овозможувајќи сосема поедноставни маневри.

СИСЕМ ЗА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРИ ВОЗЕЊЕ НА АВТОПАТ (LDWS)

Lane Departure Warning System – Систем за предупредување за ненамерно преминување на коловозна линија е дизајниран со цел да детерминира дали комбето менува ленти и насоки, дури и при лоши временски услови и слаба видливост.
Системот се активира кога возилото ќе достигне брзина од 60 km/h и во случај на ненамерни маневри.
Штом возилото се доближи до линијата од страна на патната лента, акустичен сигнал и предупредувачко светло го алармираат возачот за можни ризици и опасности.

TPMS

Континуирана контрола на притисокот во пневматиците, јавува било какво намалување директно на екран.

FULL BRAKE CONTROL

Интегриран систем дизајниран да спречи или намали јачината на ударот. Проверува дали има било какви пречки на патот, а кога ќе ги детектира можност за судар, го алармира возачот и доколку нема реакција, се активира итно автономно кочење.

BLIND SPOT ASSIST

Сензори кои детектираат присуство на возила кои пристапуваат и не се видливи бидејќи се во мртва точка на ретровизорот.

REAR CROSS PATH DETECTION

Системот ги открива возилата кои доаѓаат од страните и помага да се избегнат несреќи при маневрирање.

TSR

При користење на LDWS, системот TSR му помага на возачот да го препознае ограничувањето на брзината со исчитување на сообраќајните знаци на патот и прикажувајќи ги на екранот за да го информира возачот.

ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДОЛГИ СВЕТЛА

Автоматски ги вклучува и исклучува долгите светла во присуство на возила во спротивна насока.

Ducato-Conversion-tech-15

Сензорот за дожд, врз база на интензитетот, ги активира бришачите и ја регулира нивната брзина. Сензорот за намалена видливост автоматски ги активира кратките светла во моментот кога надворешната видливост е намалена.

СЕНЗОРИ ЗА ПАРКИРАЊЕ

4 сензори проследуваат звук со предупредување кога се доближувате до пречка позади Вас додека одите во рикверц.
Истите се интегрирани во задниот багажник и се вклучуваат автоматски кога ја избирате брзината за одење во рикверц.
Наизменичната сирена ја зголемува својата фреквенција како што се наближувате се поблиску до пречката, претворајќи се во континуиран сигнал кој означува дека не треба да продолжите понатаму.

ЗАДНА КАМЕРА

Инсталирана во пластична обвивка во спојлерот од задната врата, заедно со светлото на третата кочница.
Системот се активира веднаш штом се селектира рикверцот или кога задните врати се отворени.

 

Камерата доставува слика од позадинскиот дел на возилото до 5” екран на допир во боја кој се наоѓа на радиото во рамките на контролната табла. .

Визуелното покривање што го овозможува камерата се протега до 3 метри во широчина и 6 метри во длабочина.

РЕТРОВИЗОРИ

ЗА ПОГЛЕД И КОНТРОЛА НА ЗАДНИОТ ДЕЛ

Двојни и параболични, во себе инкорпорираат индикатори за странични насоки, како и радио антена по барање.
Можат да бидат опремени со електрични прилагодувања, функција за одмаглување и електрично склопување како опција