Ducato за транспорт на стоки

ИНОВАТИВЕН ИЗГЛЕД СО ДИНАМИЧЕН И СИЛЕН КАРАКТЕР

НАДВОРЕШНОСТ

Безбедност, стабилност и ефикасност
DRL LED предни светла
• Оптимална позиција за нивната примарна функција и редизајнирани да се вклопат во обликот на возилото без никакво поврзување
• Благодарејќи на нивниот нов дизајн, и покрај компактната големина, нудат 40% поголема светлечка ефикасност
• T DRL LED предните светла (достапни по избор) овозможуваат поголема трајност, ниска потрошувачка на енергија, намалена потрошувачка на гориво и уникатен стил.

РЕШЕТКА

Поголема и поширока, пренесува чувство на моќ и динамика, воедно дизајнирана со цел да:
Гарантира подобрен пристап до делот со моторот
Да го зголеми протокот на воздух
Да биде појака и полесна за замена
На располагање и во светлечко-црна варијанта.

ВНАТРЕШНОСТ

ОДЛИЧНА УДОБНОСТ, ЕЛЕГАНЦИЈА И ФУНКЦИОНАЛНОСТ

Возачко седиште и сосема нова контролна табла

Возачкото седиште е ултра прилагодливо: можете да го прилагодите во висина и во лумбалниот дел, да го поместите седиштето наназад и нанапред и да ја прилагодите позицијата на воланот, со цел да Ви обезбеди бенефиции во насока на максималната удобност и правилна седечка положба. Седиштето може исто така да биде и стоплено, поткренато и со прилагоден дел за потпирање на раката.

Контролните механизми и индикатори се исто така лесно достапни и можат да бидат раководени благодарејќи на новата ергономично-дизајнирана контролна табла со централно конзолно куќиште кое во себе интегрира вградено радио, практичен држач на таблет, држач за шише или пак простран дел кој може да се искористи за складирање на 15.6” лаптоп.

Инструменталниот панел, со бела графика на црна позадина, е дизајниран со цел да овозможи максимална читливост и видливост на сите потребни информации.

Две дополнителни опции за контролната табла-основна, чувствителна и практична или пак енергична Techno.

ФУНКЦИОНАЛНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОЗЕЊЕТО

Дел за складирање на документи: кај верзијата со клупи за седење со две седишта, централниот дел се спушта надолу со цел да создаде практична подлога за складирање на документи и два држачи за чаши.

COOLBOX

Простран дел на врвот, за одржување на храната и течностите ладни, додека во функција е клима уредот.
Практична полица дизајнирана со цел да складира две шишиња од 0.75 cl и смартфон во лесна на дофат позиција, подалеку од директното надворешно осветлување.
Алтернативно, можете да се одлучите за практичен дел за складирање со затворање и клуч, доволно голем и простран да складира лаптоп со екран од 15.6”.

ДЕЛ ЗА СКЛАДИРАЊЕ

– простран отворен простор со две секции,
– дел за складирање на отпадоци, држач за шолји и ситни парички, обемен простор на располагање за складирање
– држач за документи

ДРЖАЧ ЗА ТАБЛЕТ

Едно од новите ексклузивни обележја на новото Ducato. Потпирајќи се на уникатниот дизајн, може да смести било каков таблет или смартфон (со екран до 10”), како замена за блокови со хартија.

КОНТРОЛА НА ТЕМПЕРАТУРАТА

За совршена температура за време на возењето, во секое време.
Системот за контрола на температурата овозможува оптимални патнички услови.
Постојат неколку добро-дистрибуирани воздушни отвори, кои можат да бидат насочени и прилагодени сосема независно, овозможувајќи поедноставно и поефикасно одмрзнување на шофершајбната.

Кондензаторот со поголема величина и неговиот комбиниран систем, го оптимизираат времето потребно за разладување на патничкиот дел. На располагање е следново, во зависност од верзијата: Грејач/вентилатор, Систем со автоматска контрола на температурата, со зрачни сензори.
Мануелна контрола на температурата

WEBASTO НЕЗАВИСЕН ГРЕЈАЧ

Брзо го загрева моторот и патничкиот дел, притоа подобрувајќи ја удобноста за време на возењето, дури и при најнепријатни услови и температури.

На располагање по барање, и тоа и во автоматска и во верзија на програмирање. Верзијата со вклучено програмирање овозможува активирање на уредот дури и кога моторот е исклучен,што практично значи дека можете да се качите во возило со веќе стоплен и пријатен амбиент;
ги одмрзнува прозорците и го спречува замаглувањето на шофершајбната и во делот на страничните прозори;
го загрева моторот, притоа намалувајќи го испуштањето на штетни материи и овозможувајќи заштеда на гориво.

ВЕТРОБРАНСКО СТАКЛО СО РЕФЛЕКСИЈА

Рефлектира инфрацрвени зраци, одржувајќи го патничкиот дел посвеж: дури 15° пониска температура во споредба со друго возило со нормална шофершајбна. Ја намалува употребата од клима уред, и со тоа делува на намалувањето на потрошувачката на гориво, како и надградување на удобноста.

Ви треба информација? Разговарајте со нас