Ducato за превоз на патници

ЕФИКАСНОСТ

Помеѓу најдобрите во сопствената категорија по однос на тековни трошоци.
Најголемиот предизвик на секоја задача е намалување на трошоците и максимизирање на резултатите, притоа никогаш некомпромитирајќи го квалитетот. Токму поради таа причина, новото Ducato е дизајнирано во насока да гарантира флексибилност, висок капацитет на носивост и максимална ефикасност.

Благодарејќи на широкиот спектар на карактеристики, капацитетот и пракичноста беа дополнително подобрени.

  • Задните врати се дизајнирани во насока на искористување на секој достапен метар квадратен од товарниот простор, додека страничните врати се отвораат сосема едноставно.
  • Внатрешноста е опремена со широк опсег на дополнителни уреди и верзии во насока на гарантирање на врвна сестраност во сопствената категорија.
  • Делот за товарење е единствен и неспоредлив: благодарејќи на оптимизираната дистанца помеѓу лаковите на тркалата, нуди широка и регуларна форма, воедно дизајнирана да се вклопи во рамките на полиците, платформите или делови кои можат да бидат интегрирани сосема едноставно безбедно.

EURO 5 МОТОРИ

Нудат поголема ефикасност во поглед на трошоците, еколошки прифатливи и со подобри перформанси.
Комбето Ducato е на располагање со 4 Euro 5+ мотори со моќност од 115, 130, 150 и 180 HP единици, со цел да Ви овозможи перформанси кои најмногу ќе одговараат на Вашите потреби за транспорт.

MultiJet II
Станува збор за новата генерација на MultiJet моторите: иновативен систем за напојување со гориво со побрзо вбризгување и опција за повеќекратно вбризгување во брзи секвенци-сé до 8 пати по циклус-отпимизирајќи го согорувањето во насока на зголемена моќност и емисија на штетни материи која е намалена до минимално ниво на бучава. Овие мотори се исто така полесни, со оптимизирачки капацитет, благодарејќи на:

  • Нивната едноставна конструкција
  • Нивните оптимизирани компоненти
  • Достапно во верзии со моќност од 115, 130 и 150 HP единици.

115 MultiJet Euro 5

Најекономичната и еколошка верзија: совршен и за лесен и за голем товар, за кратки до средни и екстра урбани патувања.

Раб, зафатнина: 1956 cc
Максимална моќност: 115 HP/85 kW на 3700 rpm
Максимален број на вртежи: 280 Nm на 1500 rpm

– Електронска контрола на системот за директно вбризгување Common Rail MultiJet II со турбо и внатрешен систем систем за ладење
– Клипови со канали за ладење за повисоки нивоа на вртежи
– Лесен и економичен: само 180 kg, за загарантирано ниска потрошувачка на гориво и повисок капацитет.
–Рачен менувач на брзини со 5 нивоа
– Потребно сервисирање на поминати 48,000 km. Максимална брзина: 140-150 km/h (во зависност од моделот и верзијата)
NEDC потрошувачка: 6.3 -6.8 l/km (во зависност од моделот и верзијата)
Испуштање на CO2: 165 – 179 g/km (во зависност од моделот и верзијата)

130 MultiJet Euro 5

Флексибилност, лесно возење и оптимизирано забрзување, дури и при голем товар; идеален мотор за комбинирана употреба при секакви услови и околности.

Раб. зафатнина: 2287 cc
Максимална моќност: 130 HP/96 kW на 3600 rpm
Максимален број на вртежи: 320 Nm на 1800 rpm

– Електронска контрола на системот за директно вбризгување Common Rail MultiJet II со турбо и внатрешен систем систем за ладење
– Клипови со канали за ладење за повисоки нивоа на вртежи
– На располагање со Start&Stop системот, по барање
– Ниски тековни трошоци, одлични перформанси и продуктивност
–Ниско ниво на испуштање со помош на вентилот за рециркулација на издувни гасови EGR (Exhaust Gas Recirculation) и DC Motor за делумна рециркулација на издувните гасови
– Рачен менувач на брзини со 6 нивоа
 – На располагање со автоматизиран менувач на брзини Comfort-Matic
– Потребно сервисирање на секои 48,000 km.
Максимална брзина: 145-155 km/h (во зависност од верзијата)
NEDC потрошувачка: 5.8 – 7.1 l/100km (во зависност од моделот и верзијата)
Испуштање на CO2: 153-186 g/km (во зависност од моделот и верзијата)

150 MultiJet Euro 5

Поголема моќност и поголем број на вртежи за навремена реакција и заслепувачки врвни перформанси, нудејќи го потребниот оптимален баланс помеѓу моќност и потрошувачка на гориво, надополнет со намалена емисија на штетни материи.

Раб. зафатнина: 2287 cc
Максимална моќност: 148 HP/109 kW на 3600 rpm
Максимален број на вртежи: 350 Nm на 1500 rpm

–Електронска контрола на системот за директно вбризгување Common Rail MultiJet II со варијабилен геометриски турбочарџер и внатрешен систем систем за ладење
– Клипови со канали за ладење за повисоки нивоа на вртежи
– На располагање со Start&Stop системот, по барање
– Ниски тековни трошоци, одлични перформанси и продуктивност
–Ниско ниво на испуштање со помош на вентилот за рециркулација на издувни гасови EGR (Exhaust Gas Recirculation) и DC Motor за делумна рециркулација на издувните гасови , во споредба со 130 MultiJet
– Рачен менувач на брзини со 6 нивоа
- На располагање со автоматизиран менувач на брзини Comfort-Matic
– Потребно сервисирање на секои 48,000 km.
Максимална брзина: 152-162 km/h (во зависност од моделот и верзијата)
NEDC потрошувачка: 6.2 – 7.1 l/100km (во зависност од моделот и верзијата)
Испуштање на CO2: 164-186 g/km (во зависност од моделот и верзијата)

180 MultiJet Euro 5

Најмоќниот мотор во својот опсег со 4 цилиндри, нудејќи ги најврвните перформанси во сопствената категорија. Флексибилност, удобност при возењето, продуктивност и безшумно работење, со доволна моќност за секаква употреба.

Раб. зафатнина: 2999 cc
Максимална моќност: 177 HP/130 kW на 3500 rpm
Максимален број на вртежи: 400 Nm на 1400 rpm

–Електронска контрола на системот за директно вбризгување Common Rail MultiJet II со варијабилен геометриски турбочарџер и внатрешен систем систем за ладење –Електронска контрола на системот за директно вбризгување Common Rail MultiJet со варијабилен геометриски турбочарџер и внатрешен систем систем за ладење
– Клипови со канали за ладење за повисоки нивоа на вртежи
– Ниско ниво на испуштање со помош на вентилот за делумна рециркулација на издувни гасови EGR (Exhaust Gas Recirculation)
– Рачен менувач на брзини со 6 нивоа
- На располагање со автоматизиран менувач на брзини Comfort-Matic
– Потребно сервисирање на секои 48,000 km.
Максимална брзина: 165-171 km/h (во зависност од моделот и верзијата)
NEDC потрошувачка: 7.7 – 8.9 l/100km (во зависност од моделот и верзијата)
Испуштање на CO2: 203-236 g/km (во зависност од моделот и верзијата)

ОПТИМИЗАЦИЈА ПОМЕЃУ ТРОШОЦИ И ЕФИКАСНОСТ

Ниска потрошувачка и намалени тековни оперативни трошоци.

ПОТРОШУВАЧКА

Најниска потрошувачка во својата класа
Само 5,8 l/100 km со 130 MultiJet Euro 5+ (кратко меѓуоскино растојание, стандарден покрив, спуштен покрив од 26q при комбиниран циклус), во насока на рекордни заштеди. –15% потрошувачка за време на урбан циклус на возење со Start&Stop Потребно сервисирање на 48.000km со MultiJet II Euro 5 + моторот. -Cx – коефициент за влез на воздух – 0.31, еден од најдобрите во сопствената класа со цел подобри перформанси и пониска моќност на потрошувачката.
Индикатор за промена на брзината

Посочува кога е потребно да се промени брзината, во насока на оптимално користење на моторот, овозможувајќи веднаш воочливи заштеди во поглед на трошоци.

START&STOP УРЕД

Овој уред овозможува автоматско исклучување на моторот кога возилото е заглавено во сообраќај и кога менувачот на брзини е поставен на неутрална позиција.

Сите функции кои гарантираат безбедност и удобност за време на возењето остануваат активни (контрола на тенпературата, радио, бришачи на шоферчајбната). На располагање кај моторите MultiJet 130 и 150 HP.

COMFORT-MATIC МЕНУВАЧ НА БРЗИНИ

Ефикасност на рачен менувач на брзини со удобност на автоматизиран менувач:

Автоматизираниот менувач на брзини поседува 6 брзини и рикверц.
Ги подобрува перформансите
Ја намалува потрошувачката
Го прави возењето помалку напорно, посебно кога станува збор за патувања со чести сообраќајни метежи
Up клуч е создаден во насока на побезбедно возење доколку возилото е целосно натоварено и патува на тешко-проодни терени
Го спречува процесот на несоодветно менување на брзини.

Можете да уживате во изборот од 3 оперативни модели:

Автоматски, за нормално возење
Автоматски “Up” за справување со голем товар.
Рачен, за целосно персонализирано возење
Во насока на гарантирање на максимална ефикасност со целосно натоварено возило и по угорници, користете го UP клучот, кој го оптимизира поместувањето на брзини и овозможува посоодветно управување и маневрирање во зависност од околностите.
*На располагање кај моторот 130 MultiJet, 150 MultiJet и 180 MultiJet .

ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Помал ризик од штета значи повеќекратна заштеда на пари. Ducato е дизајнирано во насока да го минимизира ризикот од штети и да ја зголеми Вашата продуктивност.
Високи светлечки кластери: нивната подигната позиција ги штити од потенцијални штети во случај на несреќа или удар.
Браник во 3 дела: индивидуалните делови се сосема лесно заменливи во случај на било какво оштетување, со ниски трошоци за поправка споредбено со едноделниот браник.

Ви треба информација? Разговарајте со нас