Fiorino Cargo

Fiorino Cargo

СТИЛ

Компактен однадвор, простран одвнатре

Надворешноста на на Fiorino Cargo, ги следи линиите на комплетната гама Fiat Proffesional, задржувајќи го при тоа специфичниот карактер на моделот со модерен и динамичен стил. Fiorino Cargo е без грешка, благодарение на неговиот автомобилски дизајн и неговата привлечна предница.

ПРОСТОР И РАЗНОВИДНОСТ

2,5 М³ ТОВАРЕН ВОЛУМЕН

Компактни димензии, агилност и флексибилност.
Fiorino Cargo е ван прилагоден за во град, со идеални надворешни димензии: 3,957 m должина и 1,716 m ширина.
Товарниот простор има правилна квадратна форма и е изненадувачки просторен:
– 1,52 m должина, 1,21 m висина и 1,47 m ширина, со внатрешна ширина помеѓу тркалата од 1,05 m;
Товарен волумен: од 2,5 m³, носивост: 610 кг
– Пресвлеката на подот е опремена со 6 куки за прицврстување, за да се држи товарот прицврстен на подот.

 

ПРИСТАПНОСТ

ПРАКТИЧЕН ЗА ТОВАРЕЊЕ И РАСТОВАРАЊЕ

Пристапот до товарниот простор е лесен и функционален:
Задната двокрилна врата (40/60) е со отворање до 180°, широка до 1140 mm и висока до 1060 mm.
Широката странична лизгачка врата нуди одлична пристапност благодарение на максималната ширина од 644 mm и максимлна висина од 1041 mm во зависност од нивото на опременост.

По барање, на располагање се 2 странични лизгачки врати.
Вертикалните ергономични рачки на вратите на Fiorino Cargo нудат одлично фаќање, и можност да се отворат вратите и со едната и со другата рака.
Прагот на товарење е поставен на помалку од 53 cm од земја и дополнително ги олеснува операциите на товарање и растоварање.

За да се оддели товарниот простор и да се заштити возачот од евентуално поместени предмети од товарниот простор, Fiorino во сериска опрема има фиксна преграда: со панели и единечно стакло со централно прозорче.

ФЛОТИ

Ако еднo Fiorino не е доволнo, набавете флота. Откријте ја гамата, достапната опрема и можностите за трансформација.

Ви треба информација? Разговарајте со нас