Вести

Гамата Фиат Професионал се збогатува со “Таленто”

29 March 2016

160324_Fiat-Professional_Nuovo-Talento_01_slider

За новото возило, Фиат Професионал го избра името во линија со традицијата која потсетува на концептот на вредноста и ги соединува способноста за товарење на врвот во категоријата со една извонредна комактност и агилност. Co овој нов производ вкупната понуда на Фиат Професионал станува уште поконкурентна според ширината на гамата и бројот на решенија.

Излегува на површина “Таленто” на Фиат Професионал што, благодарение на неговиот дарежлив капацитет на товарење, е идеален придружник на теренскиот работник како во градска средина, така и на терен. Се издвојува по својата пренаменливост и по можноста да се адаптира на различните потреби на клиентите, и секако по името, Таленто, што ги истакнува неговите нови способности како средство за работа и концептот на цена/вредност што е традиција на брендот Фиат Професионал. Име со силна симболична вредност, што го истакнува тоа што “знае да го направи”, неговите способности, неговиот талент „Таленто”. Сите основни карактеристики потребни за да се соочи со новите предизвици во иднина.

Кога станува збор за стилот, новото Таленто се претставува како компактно и добро пропорционално возило: предното стакло одлично се вклопува со кратката хауба и вкупниот ефект е неупадлив, но динамичен преден дел. Дизајнот е хоризонтален, а линиите се чисти, согласно новото фамилијарно чувство на гамата Фиат Професионал, што ја истакнува ширината на возилата и капацитетот на товарење, кои добро се гледаат од квадратниот заден дел, но и динамизмот и чувството на стабилност. Новото возило е опремено со доверливи мотори, со добри перформанси и економични дизел мотори со турбо и твинтурбо и моќност до 145 КC.
Со внесувањето во понудата на новото Таленто, Фиат Професионал подобро ја поврзува разликата меѓу Доблò Карго и Дукато, овозможувајќи да покрие волумен и должина на товарен простор за да се задоволи на секој начин потребата за професионален транспорт.

На овој начин се создава функционално возило кое ги максимализира вредностите на работата, на времето и на парите кое се насочува кон реалните потреби на клиентите со сите верзии на гамата: фургон, транспорт на патници, со двојна кабина и со платформа. Таленто со транспарентна и комплетна понуда и Фиат Професионал комплетна гама и организација посветена на професионалците имаат одговор на потребите на клиентите кои бараат сè поспецифични решенија.

Најново од Fiat