Вести

Кога Fiat Professional повикува, Чак Норис одговара

13 June 2017

Urban Parking

Славниот актер, кој стана многу популарен на интернет, благодарение на митот за неговата неуништливост, со погодена иронија ги отелотворува вредностите на брендот Fiat Professional и ќе биде протагонист на една нова платформа за комуникација почнувајќи од месец јуни

За лансирањето на новата платформа за комуникација која ќе биде on air во јуни во целиот регион на EMEA, Fiat Professional го објавува новиот исклучителен учесник. Станува збор за Чак Норис, славниот актер, филмски продуцент и експерт во боречки вештини. Успешна кариера на филмските и телевизиските екрани низ целиот свет на која во последниве години се придодава и големата слава на интернет: од 2005, митот и акциите на неговиот “неуништлив″ лик доведе до креација на вирални содржини – “Chuck Norris facts” – превејќи го култен херој и автентичен веб феномен.
Сите дигитални и социјални платформи се преплавени со неверојатни и иронично надреални подвизи на Чак Норис, и достигнаа екстремно широка распространетост: пребарувајќи го името на актерот се добиваат околу 12 милиони резултати на Google и 880.000 на You Tube, co милиони прегледи. Речиси 6,5 милиони лајкови на секоја страница на Фејсбук, во преку 45 земји. Феномен на светска сеопфатност која со голема иронија ја пренесува пораката за решителност, сила и вонсериска посветеност, среќавајќи публика од сите генерации, благодарение на сите генерации и благодарение на неговата сочувствителност.

Токму поради тоа, Чак Норис ги отелотворува вредностите на брендот Fiat Professional: решителност, доверба, динамичност, компетенција и блискост до клиентот. Инаку, од еден тест спроведен на европско ниво, потврди дека е најдобра препорака во одност на релевантноста, афинитетот и вкусовите за “професионалните” клиенти.
Значи, за да се стане најдобар во сопственото поле на работа, не само што не е потребно да се биде Чак Норис, туку е сосем доволно да се има доверба во моделите на Fiat Professional, прилагодени на реалните потреби на клиентите.

170530_Fiat_Professional_Fiat_Day2_UrsaPremik_slider

Најново од Fiat