Светска премиера на Fullback, новиот pick-up од Fiat Professional

Светска премиера на Fullback, новиот pick-up од Fiat Professional

Fullback новиот pick-up од Fiat Professional го има своето светско деби на Меѓународниот саем за автомобили во Дубаи – најголем автомобилски настан на Блискиот Исток и Северна Африка.Овој нов модел ќе биде достапен низ регионот на ЕМЕА од мај 2016 година.

Со повеќе од сто години историја и одлична репутација во глобалната LCV индустрија, марката Fiat Professional прави уште еден голем чекор напред со лансирањето на Fullback, со што ја комплетира тековната понуда на производи и услуги кои се прилагодени на потребите на професионални корисници.

151110_Fiat-Professional_DIM_02

Со Fullback Fiat Professional прави силен влез во сегментот на pick-up возила во регионот ЕМЕА, каде што биле продадени 675.000 возила во 2014 година (23% од вкупната продажба во сегментот на LCV). Овој процент е поголем дури и на Блискиот Исток – 58% – и во Африка – 52%.

Според тоа, ова претставува многу стратешко лансирање, а новиот Fullback дефинитивно ќе игра водечка улога во својот сегмент благодарение на своите победнички карактеристики – цврстина и сигурност. Овој незаменлив работен херој е резултат на разбирањето на вистинските потреби на професионалните корисници, но истовремено, со совршена леснотија може да се користи во секојдневниот живот и во слободното време благодарение на својата голема разновидност.

На кратко, новиот Fullback е подготвен за било кој предизвик, како и неговото име кое е изведено од клучната позиција во рагби или американскиот фудбал – последниот играч во линија на одбраната и исто така одбрана во напад – кој означува некој играч кој е способен да се справи со секоја ситуација.

151110_Fiat-Professional_DIM_03

Совршено во согласност со најдобрите од конкуренцијата во однос на конфигурацијата, димензии и мотори, новото pick-up возило од Fiat Professional поседува комплетна гама на верзии кои ќе бидат прилагодени на специфичните потреби на секој од поединечните пазари на ЕМЕА.

Во детали, Fullback поседува четири конфигурации (единечна кабината, продолжена кабина, двојна кабина и шасија) и три нивоа на опременост. Сите верзии на Fullback имаат максимална висина од 1,780 mm и се до 1.815 mm широки со меѓуоскино растојание од 3.000 мм. Должината варира во зависност од конфигурацијата – 5155 мм (единечна кабина), 5275 мм (продолжена кабина), 5285 мм (со двојна кабина). Исто така, на должината на карго просторот се менува – 2265 мм (единечна кабина), 1.850 мм (пролжена кабина) и 1.520 мм (со двојна кабина). Капацитет на носивост, во зависност од конфигурацијата, доаѓа до 1.100 кг.

151110_Fiat-Professional_DIM_04

На Блискиот Исток и Африка Fullback ќе биде достапен со две опции на мотори – 2.5-литарски дизел мотор со моќност помеѓу 81kW (110hp) и 131kW (178hp) и 2,4-литарски бензински мотор, кој испорачува 97kW (132hp) и има пет-брзински мануелен менувач. Оваа понуда на мотори е во согласност со најдобрите од конкуренцијата и може да се комбинира, според потребите на секој пазар, со мануелен или автоматски менувач, и двата со пет брзини.

Во Европа и другите не-европски пазари, Fullback ќе биде достапен со 2,4-литарски турбо дизел мотор од алуминиум со две моќности – 113kW (150hp) или 133kW (180hp) – во комбинација со нов шест-брзински мануелен менувач или пет- брзински автоматски менувач со спортски режим.

Fullback ќе биде достапен во целиот регион на ЕМЕА со погон на задни тркала или 4х4. Посетителите на Меѓународниот саем на автомобили 2015 во Дубаи ќе имаат не само можност да бидат првите луѓе во светот да го видат новиот pick-up од Fiat Professional – тие исто така ќе бидат во можност да се восхитуваат на неколку посебни модели опремени со специјални додатоци од страна Mopar – референтната марка на FCA за продажба на услуги, грижа за клиенти, оригинални резервни делови и дополнителна опрема.

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас