Вести

Ducato избрано за “Најдобра основа за кампер” на годината, 11-ти пат по ред

22 January 2018

180115_FiatNeve

За Ducato продолжува долгата и непрекината серија на меѓународни награди: единаесети пат по ред ја освојува титулата „Најдобра основа за кампер“ за 2018, надминувајќи ги сите конкуренти. Престижното признание се доделува од страна на читателите на списанието “Promobil”, кое веќе 25 години претставува важен референтен ориентир во секторот за возила за рекреација. Инаку, и 3 милионитиот произведен примерок на моделот Ducato, најпродаваниот на Fiat Professional беше токму Ducato кампер.

Двојното признание ја потврдува довербата кај клиентите на моделот Ducato, кое има  идеална основа за трансформација во рекреативно возило и го потврдува извонредниот италијански успех. Неговата основа всушност, е нагласено направена за кампер, сектор во постојан пораст.

Ducato инаку, се произведува во фабриката во Севел Југ во Вал ди Сангро, најголемата фабрика за лесни комерцијални возила во Европа, која е со Silver Level World Class Manufacturing и покрива предел од 1.200.000 метри квадратни, веќе 36 години: од 1981 до денес. И токму во неа, се создадени неговите победнички карактеристики кои го направија Ducato-то автентичен трендсетер, произведен во повеќе од 10.000 варијатни и продаван во преку 80 земји во светот

Ducato е “Leader in freedom”

Тоа е концепт со прецизно значење. Всушност, терминот “Freedom” покажува “ветување кон клиентот” кое Fiat Professional го одржува, гарантирајќи му близина и решенија за каков и да е проблем кој може да се појави во текот на неговиот одмор. “Leader”, затоа што денес, понудата на специфични услуги од брендот за светот на „дом на тркала“ e единствена и неспоредлива на пазарот. Со години, Ducato base camper постојано еволуира на теренот и во развојот на услугите кои треба да ги добие секој патник во камперот.

Се подразбира дека оној што ќе купи вакво возило, купува и удобен одмор. Поради оваа причина, концептот за услуги не се ограничува само на помош во врска со производот, туку и за помош на патниците.

Патникот во кампер има на располагање услуга 24/7 од страна на Customer Care, на неговиот јазик, имено има 20 јазици во “Brand Ambassadors Fiat Camper”. Ambassador има за задача да реши каков и да е проблем на клиентот во најбрз можен рок.

Customer Care, е во постојана врска со помошта на пат и со сервисот: секој камперист може да ја користи подвижната работилница во дури 44 земји, како и телефонска поддрша 24/7 која во најкраток рок му помага во поправката, помагајќи да се постави дијагнозата и да се испорачаат доколку е потребно, деловите.

Со години Fiat Professional грижливо ги следи и им помага на камперистите: тоа го потврдуваат годишното присуство во преку 10 европски салони во секторот, вебстраницатаhttps://www.fiatcamper.com/it/home која брои преку  74.000 посети просечно во еден месец, Фејсбук страницата “Fiat Ducato Camper” co повеќе од 56.000 фанови, апликацијата “Fiat Camper Mobile” co активни повеќе од 110.000 симнувања.

Најново од Fiat