Триумф на Doblò Cargo и New Fiorino во Велика Британија

Триумф на Doblò Cargo и New Fiorino во Велика  Британија

Познатиот британски специјализиран магазин “What Van?”, ги награди двата модели на Fiat Professional и на тој начин го потврди високиот квалитет на нивниот производ. Doblò Cargo е прогласен за “Light Van of the Year” додека пак Fiorino во категорија на “Small Van of the Year”.

На свечената церемонија што се одржа во Лондон автомобилските експерти од магазинот “What Van?” го објавија успехот на овие два модели на легендарното Ducato и најновите модели Fullback и Talento од линијата на Fiat Professional line-up. Овие награди се должат на капацитетот на линијата Fiat Professional line-да ги задоволи сите барања и желби за транспорт во сите сегменти на делување, комплетна понуда на каросерија, капацитети на товарање и зафатнини благодарение на оптималното меѓуоскино растојание, висина и ширина на возилото како и ефикасните мотори со комплетна понуда на горива (дизел, diesel, LPG и метан).

Наградата за “Small Van of the Year” отиде кај New Fiorino, како признание за 370,000 продадени примероци од негoвото лансирање во 2007. Комплетно редизајниран однадвор и однатре новиот Fiat Professional е иделаен за градска употреба благодарение на извонредниот капацитет на товарење до 2.8 м3 и носивост до 660 килограми. Целата понуда на мотори ги задоволуваат стандардите Euro 6.  Согласно потребите на пазарот новото Fiorino може да се нарача со турбо дизел мотор 1.3 MultiJet2 со 80 и 95 КС, или пак со бензинците 1.4-l Fire со 77 КС и 1.4-l bi-fuel бензин и метан Natural Power со 70 КС. Во гамата се понудени две конфигурации (Cargo и Combi), и три нивоа на опременост (Base, SX и Adventure).

Четвратата генерација на ново Doblò Cargo за кое од 2000 година се одлучија повеќе од 1.6 милиони купувачи, на пазарот се нуди со каросерија (Cargo, Combi, Chassis Cab и Workup), со мотори кои ги задоволуваат стандардите Euro 6, diesel, бензин, и бензин/метан и со капацитет на таварање до 5.4 м3 и носивост до 1 тон како и ексклузивитетите потпирање Bi-link, иновативниот Uconnect 5″ Nav LIVE мултимедијален систем и најнапреден систем за електронска контрола на стабилноста, ABS со  EBD, ESC и надополнет со ASR, HBA и Hill Holder. Traction+ не располагање во опционал.

 

Ви треба информација? Разговарајте со нас