Правни забелешки

Интернет страницата достапна преку линкот www.fiatprofessional.mk е наменета за лично информирање на корисниците. Пристапот и употребата на оваа веб страница подлежи на « начините на употреба» опишани подолу, и на законите и/или на правилата. Со ваше поврзување на оваа веб страница, безусловно ги прифаќате во целост условите на употреба. Сопственикот на оваа веб страница www.fiatprofessional.mk ги поседува сите права за промена или ажурирање на овие начини на употреба без претходна најава, како и право на промена на содржината, производите и услугите прикажани на оваа веб страница.

Издавање
Страницата е хостирана од страна на FCA Italy S.p.A. Веб страницата www.fiatprofessional.mk е публикувана и одржувана од : Аутомобиле СК ДОО , ексклузивен увозник за марката Fiat за Македонија, ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје, Македонија, контакт e-mail: marketmk@autosk.com.mk

Права и интелектуална сопственост
Сопственикот на веб страницата ги информира корисниците дека најголем дел од содржината на веб страницата:
a) е заштитена со авторски права: особено во случај на фотографии, написи, цртежи, анимации,… ;
b) и/или е заштитен со закони: особено скици / модели на возила кои се појавуваат на веб страница;
c) е заштитен со закони поврзани со заштита на трговската марка: особено за марката Fiat и Fiat Professional, логото Fiat и Fiat Professional и марки на моделите на возила кои се појавуваат на оваа веб страница. Елементите кои се заштитени се во сопственост на FCA Italy S.p.A. или на трети лица овластени од FCA Italy S.p.A. за нивно користење.
Секоја репродукција, репрезентација, употреба, адаптација, модификација, вметнување, превод, комерцијализација, целосно или во делови, во било која форма или на било кој начин (хартиена, дигитална, итн) на марката “Fiat” и “ Fiat Professional” , логото Fiat , Fiat Professional и /или на моделите од марките прикажани на веб страницата е забрането, освен по претходна написмена дозвола од страна на FCA Italy S.p.A.

Информации за производи и услуги
Информациите и фотографиите кои се наоѓаат на страниците на веб страницата www.fiatprofessional.mk се од информативни природа, не се обврзувачки и се базираат на постоечките технички карактеристики во моментот на превземање или ажурирање. Опремата на возилата прикажани на веб страницата www.fiatprofessional.mk е во серија или опционал, зависно од верзијата. Како резултат на политиката за постојано подобрување, производите, техничките карактеристики, опремата, опционалите и боите на возилата може да бидат променети во секој момент. Боите може да не бидат верни, бидејќи актуелната технологија не дозволува верна репродукција на боите. За точниот изглед на моделите и/или верзиите на оваа веб страница, како и нивното ниво на опременост, бои, опционали и дополнителна опрема ве молиме да се консултирате во најблиското продажно место на Fiat и Fiat Professional во Македонија. Информациите и фотографиите прикажани на оваа веб страница се од генерална природа и не се договорни.

Заштита на лични податоци
Не сте обврзани да го откривате вашиот идентитет или да внесувате било каков личен податок за консултација на www.fiatprofessional.mk .

Некои податоци кои се од личен карактер се потребни за да одговориме на вашите барања за информации, закажување на состанок и/или за обработка на барање за ваша претплата на нашиот Newsletter. Како што налага законот за заштита на лични податоци, податоците кои се задолжителни се одбележани со ѕвездичка на страниците на www.fiatprofessional.mk

Останатите факултативни податоци се бараат со цел подобро да ги разбереме вашите барања за да ја подобриме нашата понуда на услуги.

Собраните податоци се обработуваат електронски. Имате право на пристап, промена, поправка, или бришење на вашите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Контакт информации за офицерот за заштита на личните податоци : Катерина Куновска Петрушевска, тел. 02/3093-103, e-mail: kunovska@autosk.com.mk , адреса: Аутомобиле СК ДОО , ул. Скупи бр.8, 1000 Скопје, Македонија.

Ослободување од одговорност
Ја користите веб страницата www.fiatprofessional.mk на ваша единствена и целосна одговорност. FCA Italy S.p.A и Аутомобиле СК немаат никаква одговорност за било која директна или последователна загуба, вклучително загуба на материјал, податоци, финансиски загуби, кои се резултат на или се во врска со употребата на оваа веб страница или веб страниците кои се поврзани со линкови. Потребно е да се прибележи дека некои производи или услуги кои се претставени на www.fiatprofessional.mk може да подлежат на специјални закони, рестрикции и/или забрани во некои земји. Веб страницата www.fiatprofessional.mk хостирана од страна на FCA Italy S.p.A ви овозможува да испраќате лични пораки преку сервери кои се под нејзина одговорност, со кои имате можност да ги информирате вашите контакти за интересни написи или документи од веб страницата. FCA Italy S.p.A нема никаква одговорност во поглед на испратената порака на контактот преку www.fiatprofessional.mk и нема никаква одговорност за текстот на пораките врз кои нема никава контрола.

Одговорност на корисникот
Корисниците на оваа веб страница се обврзуваат да ги почитуваат овие услови за употреба и ја посетуваат оваа веб страница под своја сопствена одговорност. Консултацијата на оваа веб страница автоматски имплицира прифаќање на последната верзија на начините за употреба. FCA Italy S.p.A нема никаква одговорност при губење за или во врска со употреба на веб страницата www.fiatprofessional.mk . Корисниците треба ја заштитат својата техничка опрема од вирус и /или од phishing, FCA Italy S.p.A нема никаква одгорноста од таа гледна точка.

Хипертекстуални линкови
Воведување на хипертекстуални линкови кон страницата www.fiatprofessional.mk налага претходно писмено одобрение од Аутомобиле СК ДОО.

Ви треба информација? Разговарајте со нас