За марката

СИЛА КОЈА ГОВОРИ ПРЕКУ ФАКТИ

Fiat Professional  е името за препознавање на комерцијалните возила произведени од FCA Italy S.p.A, групација која се состои од способни и мотивирани луѓе, експерти во делот на професионалното сервисирање и навлегување во суштината на фактите. Нашата опширна и комплетирана гама ги пресретнува сите транспортни потреби.

Возилата на Fiat Professional се дизајнирани во насока на минимизирање на потрошувачката и тековните трошоци, во исто време постигнувајќи максимална профитабилност. 1901ва беше годината кога беше лансирано првото комерцијално возило на Fiat. Оттогаш па наваму, продажбата во комерцијалниот сегмент бележи прогрес и добива на се поголема важност во делот на активностите на групацијата Fiat. Благодарејќи на широката гама, како и искуството од над 100 години, Fiat Professional се позиционираше како лидер во секторот. Сите возила во опсегот на Fiat Professional се дизајнирани во насока да ги пресретнат сите професионални барања, и тоа на најефективниот можен начин.

Fiat Professional е добитник на безброј меѓународни награди од страна на стручни жирија и квалификувани новинари. Една од најзначајните е Ван на годината, награда стекната во 1994та со Ducato, во 2006та со Doblò Cargo, во 2008та со Scudo, во 2009 со Fiorino и во 2010 со новото Doblò Cargo. Водени и мотивирани од континуиран успех, Fiat Professional се стремат кон консолидација на лидерската позиција, и тоа преку дополнителен развој на постоечката широка продажна мрежа. Од денешна гледна точка, постојат повеќе од 1400 дилери ширум Европа и преку 750 сервисни центри. Возилата на Fiat Professional моментално се произведуваат на 8 погони ширум светот, вклучувајќи ја и фабриката Sevel во Val di Sangro, каде што е произведено возилото Ducato – најголемиот погон во Европа за производство на лесни комерцијални возила ( во 2010та, овој погон го произведе своето 4 милионито возило).

Ви треба информација? Разговарајте со нас