Ducato MY 2021 прогласен за „Најдобра база за кампер 2022“ од читателите на германскиот магазин „Promobil“, четиринаесетти пат по ред

Ducato MY 2021 прогласен за „Најдобра база за кампер 2022“ од читателите на германскиот магазин „Promobil“, четиринаесетти пат по ред

  • И оваа година, 14-а по ред Fiat Professional Ducato е избрано за Најдобра база за кампер“, од страна на читателите на германското специјализирано списание Promobil, лидер во секторот на камперите.
  • Моделот продолжува да доминира на европскиот пазар, најголемиот дел на кампери се на база на Ducato.
  • Од 1981 Ducato непрекинато се произведува во фабриката Севел во Вал ди Сангро. За отприлика 10 години ова возило го одбраа преку 700.000 европски семејства како база за кампер, потврдувајќи го лидерството во секторот.
  • Ducato продолжува да ги задоволува и да им излегува во пресрет на потребите на корисниците на возила за рекреација: Ducato моделска година 2021 нуди нови системи ADAS, нови мотори и нова внатрешност, секогаш поаѓајќи од утврдените силни страни и стекнатата доверба.

Ducato ја доби престижната награда „Најдобра база за кампер 2022“, по четиринаесетти пат по ред, пред жестоките конкуренти. Читателите на Promobil, германско списание кое претставува важна референтна точка за трендовите во секторот за рекреативни возила повеќе од 25 години, повторно гласаа за Ducato.

Новото Ducato MY2021 е модел развиен за да одговори на најдобар начин на рекреативните и професионални потреби и е опремен со бројни и значајни напредни системи за асистенција при возење (ADAS), за поголема безбедност на корисниците.

Располага со значајни новитети и на верзиите за база за кампер, стремејќи се кон утврдување на утврденото лидерство во секторот. За помалку од десет години, повеќе од 700.000 семејства во цела Европа ја избраа како база за кампер токму оваа гама.

Корисниците од секторот „слободно време“ се вистински воодушевени од една од неговите главни карактеристики: 9-брзинскиот автоматски менувач, кој обезбедува опуштено и пријатно доживување при возењето, подобрена потрошувачка на гориво и подобрени перформанси. Ducato нуди широка гама на моќност, која се заснова на новиот 2,2-литарски Euro 6d-Final дизел мотор. Цврст и доверлив, овој мотор гарантира перформанси и удобност при возење, со своите четири нивоа на моќност: 120, 140, 160 и 180 КС. Комплетната гама на Euro 6D-Final MultiJet3 мотори претставува најпогодно решение за различните рути што ги посакуваат корисниците на кампери. Конечно, за безбедно и непречено патување, достапни се и најнапредните системи за асистенција при возење (ADAS), како и суспензијата специфична за камперите, заедно со долгата листа на функции за да се обезбеди максимална удобност.

Престижното германска признание „Најдобра база за кампер“ е дополнителна потврда за довербата којашто корисниците ја имаат во Ducato како идеална база за нивното рекреативно возило. Fiat Professional е единствената марка со посветена организација што може да се пофали со огромно познавање на светот на рекреативните возила, како што е „потврдено“ со логото „Fiat Professional For Recreational Vehicles“. Оваа марка е исто така високо специјализирана кога се работи за производите и услугите за кампери, со што обезбедува максимална флексибилност и слобода на своите клиенти.

Ви треба информација? Разговарајте со нас