E-Ducato е Sustainable Truck of the Year 2022 во категоријата Van

E-Ducato е Sustainable Truck of the Year 2022 во категоријата Van

Минатата сабота Ducato наполни 40 години и ги прослави како неприкосновен лидер во својот сегмент, благодарение на значајниот рекорд на продажба, постигнат минатата година како најпродавано комерцијално возило во Европа според изворот на Dataforce со над 150.000 продадени возила.

Лидер во својот сегмент од 2014 и најпродавано комерцијално возило во 2020, Ducato е неприкосновен лидер и во сегментот на „large van” на 13 европски пазари и е единственото возило кое е создадено за да биде база за кампер.

Прославувањето трае и во текот на оваа 2021година, со постигнување на една значајна цел токму на неговиот 40ти роденден, претставување на 100% електрична верзија на моделот, во месец април.

Поаѓајќи од конфигурацијата на електричниот дел, ја наоѓаме потврдата дека E-Ducato е обликуван според потребите на купувачот. Благодарение на неговата оригинална архитектура „all forward“, без компромиси и оптоварувања во долниот дел на шасијата и со големо растојание помеѓу страниците, новиот модел оптимално сместува батериите под подот, оставајќи го непроменет капацитетот на носивост којшто се движи  од 10 до 17 кубни метри волумен и речиси 2 тона тежина. Други очигледни предности се оптималната распределба на тежината и спуштањето на центарот на гравитација, што го подобрува управувањето со возилото во сите услови на оптоварување.

E-Ducato може да постигне перформанси еквивалентни на верзиите опремени со дизел мотори, благодарение на електричниот мотор со максимален вртежен момент од 280 NM кој испорачува моќност до 90 kW (приближно 122 коњски сили) и забрзување од 0 до 50 km/h за 5 секунди.

Дополнително, E-Ducato е опремено со серија модуларни решенија, почнувајќи од 2 различни конфигурации на батерии, 47 kWh и 79 kWh – Најдобар во класата за инсталираниот електричен капацитет – и 4 типа режими на полнење, од кои три достапни на лансирањето, E-Ducato, со батерии од 47 kWh, може да помине до 170 km во циклусот WLTP и до 235 km во урбаниот циклус. Со батерии од 79 kWh, растојанијата се зголемуваат до 280 km според циклусот WLTP, што е еквивалентно на 370 km во урбаниот циклус, а времето на чекање за полнење еквивалентно на 100 km патување не надминува половина час.

Треба да се запомни и дека батериите имаат гаранција на времетраење од 10 години или 220.000 km на верзијата од 79 kWh и 8 години или 160.000 km на верзијата од 47 kWh.

Сепак, на тема флексибилност, треба да се додаде дека, за да се задоволи толку широка и разновидна палета на потреби, E-Ducato нуди и избирач на режим на возење Drive Mode Selector кој, во положбата „Normal“, обезбедува одлична рамнотежа помеѓу перформансите и трошоците, додека во режимот „Есо“ се заштедува енергија. Ако, од друга страна, имаме особено тежок товар или се соочуваме со напорно искачување, вистинскиот избор е режимот „Power“. E-Ducato, исто така, има две функции за да се зачува „peace of mind“ на возачот:

– „Turtle Mode”, слична на функцијата за заштеда на батеријата на мобилниот телефон, која автоматски се активира во услови на слабо полнење, ограничувајќи ги перформансите на возилото и обезбедувајќи продолжување на полнењето од 8-10%.

– „Recovery Mode”, благодарение на кој E-Ducato е единственото електрично возило кое никогаш не запира. Всушност, ако еден батериски модул не работи, другите продолжуваат да работат обезбедувајќи продолжување со работењето.

Како заклучок, флексибилноста на моделот, неговите најдобри карактеристики во класата и неговата доверливост претставуваат гаранција за неговата понатамошна пазарна вредност.

За време на Ecomondo во Римини, референтен настан во Европа за еколошката транзиција и новите модели на кружна и регенеративна економија, E-Ducato доби уште една констатација за поттик и признание, добивајќи ја наградата за Sustainable Truck of the Year 2022 доделена од водечките Vado e Torno и Sustainable Truck&Van.

Анализата спроведена од група експерти поврзани со списанието беше многу јасна и за елементите кои беа предмет на вреднување и оценување, како што се: моторот и видот на горивото (дизел, хибрид, гас, електричен), пренос, безбедност, удобност, поврзување и конечно, општа одржливост претставена со специфични елементи како што се: сооднос тара/носивост, можност за рециклирање на компонентите, tco.

За да ја добие наградата во категоријата „Van“, Џанлука Цампезе, LCV Business Unit & Autonomy Manager, кој изјави „ многу сме горди на наградата што ја добивме денес, која ја запечатува нашата посветеност како новосоздадената групација Stelantis кон зголеменото внимание за еколошката одржливост и потребата за обновување кои ги бара сè попребирливата клиентела во професионална и еколошка смисла“.

E-Ducato бележи важна пресвртница во поглед на одржливоста и алтернативниот погон, и авторитативно потврдува дека е референтна точка на полето на возила со нула емисија во однос на испораките на последната милја.

Тоа го прави без да ја негира својата ДНК, останувајќи 100% верен на името што го претставува: „Ducato“, со солидни докажани вредности: мотор со 122 коњски сили совршено насочен кон урбана употреба, автономија што е во функција на батериите која се стреми да ја достигне границата од 370 km, 17 кубни метри зафатнина и 1.910 килограми капацитет на товар. Меѓу најценетите карактеристики, поврзувањето и вниманието на безбедноста.

Ви треба информација? Разговарајте со нас
>