Ducato избран за “Fleet Van of the Year 2017” во Велика Британија

Ducato избран за “Fleet Van of the Year 2017” во Велика Британија

Дополнителен доказ за популарноста и успехот на Ducato претставува и доделената награда од страна на “Motor Transport Awards 2017”, каде бестселерот со потпис на Fiat Professional ја доби титулата Fleet Van of the Year.

Престижната премија “Fleet Van of the Year” е уште една потврда за вредностите на Ducato: благодарение на бројните варијанти на каросеријата, на квадратната форма и на правилната форма на товарниот простор, со можноста за разни наменски варијанти на подвозјето и на лесната управливост со што е надобро продавано возило на главните европски пазари. Пред 36 години направи револуција во сегментот на фургони благодарение на предниот погон, моќноста на моторите и просторноста на товарниот дел. Низ историјата, Ducato ги подобруваше своите карактеристики станувајќи референтен модел во категоријата, произведен во повеќе од 10.000 варијанти ии продаван во преку осумдесет земји во светот. Во текот на првата половина од годинава, во Велика Британија, продажбата на Fiat Professional порасна за речиси 18 проценти на еден тенденцијално постојан пазар. Инаку, учеството на пазарот на Ducato се зголеми за еден процентуален бод во однос на истиот период лани (8%).

Ви треба информација? Разговарајте со нас