Fiat Professional на Саемот за кампинг возила 2016 во Парма

Fiat Professional на Саемот за кампинг возила 2016 во Парма

Од 10 до 18 септември, во Парма се одржува Саем за кампинг возила 2016, најважниот саем во Италија и втор по важност во Европа посветен на возилата caravanning , каде ќе учествува и Fiat Professional – лидер во индустријата на трансформирани возила за секојдневен живот. Фановите ќе може да уживаат во возила со највисоко ниво на опременост и иновативна технологија. Сите светла се насочени кон Fullback pick-up, мултифункционалниот Talento и шестата генерација на Ducato. 

Новиот мотор Euro 6 Multijet2 е најдобар во класата во делот на ефикасност и висок вртежен момент при мал број на вртежи  и е составен дел од изложените модели. Моторите 130, 150 и 180 Multijet2 исто така се на располагање со “Comfort Matic” роботизиран менувач за релаксирано возење.

Ducato нуди директен и возбудлив контакт со природата; ги поседува сите елементи за посебен стил на живеење кој се бара од кампинг возилата.

Ви треба информација? Разговарајте со нас