Вести

Новото Fiat Doblò Cargo е прогласено за “Light Van of the Year”

29 March 2016

150202_Fiat-Professional_Nuovo-doblo-cargo_38

  • Ова го објави најголемото англиско списание од секторот кое ја награди четвртата
    генерација на комерцијалното возило на Fiat Professional.
  • Судиите на “What Van?” останаа вчудоневидени од одличната динамика на возење, од
    големата робусност и од широчината на гамата на новото Fiat Doblò Cargo.

Новото Fiat Doblò е оценето како најдоброто возило, во категоријата “Light Van of the Year”, според жирито на престижните “What Van? Awards 2016”, конкурс објавен од најголемото списание во Велика Британија специјализирано за совети за купување и продажба на лесни комерцијални возила.

На церемонијата на доделување, која се одржа во Лондон, комисијата на “What Van?” – составена од специјалисти кои зад себе имаат децениско искуство во секторот – го истакна успехот на новото возило на Fiat Professional лансирано минатиот февруари нагласувајќи го извонредниот квалитет, како одличните динамики на возење и комфор, неговиот капацитет на товар и волуметрија се на врвот во категоријата, како и останатите неспорни карактеристики на солидност, робусност и ширина на гамата.

Стигнувајќи до четвртата гама, новото Doblò Cargo ги потврдува извонредните квалитети на моделот – лансиран во 2000-та и продаден во преку 1 милион и 400 илјади примероци – кој овие години веќе четири пати победуваше на конкурсот на жирито “What Van?”. Сега е ред на новото возило на Fiat Professional да го претстави потполно обновениот дизајн и една долга серија на подобрена функционална техника кои обезбедуваат максимални перформанси (одговорот на максималниот вртежен момент е подобрен за 40% во услови на градско возење) и извонредните нивоа на handling и удобното возење, благодарение пред сè на задната суспензија Bi-link на независни тркала (ексклузивни содржини во сегментот).

Co корисна носивост до 1 тони волумен за товар до максимум 5,4 m3, новото Doblò Cargo има неверојатен капацитет за транспорт, како во однос на тежината така и во однос на димензиите, што го прави идеално за каква и да е комерцијална намена. Инаку, неговата гама на мотори гарантира намалена потрошувачка, а широкиот избор на решенија го издвојуваат од останатите од останатите специјални возила преку верзиите изменети за специфична употреба. Сè на сè, секоја фирма може да најде верзија за сопствените потреби кога ќе реши да ја прошири сојата флота, или пак да ја поднови.

Зависно од пазарот на кој се продава, гамата е составена од четири основи (Фургон, Комби, Камионет и Кабина со платформа), 2 варијанти на висина и 2 должини на меѓуоскино растојание. На располагање се 6 турбодизел мотори – 1.3 MultiJet II (75 и 90 КС), 1.6 Multijet II (100 и 105 КС), 1.6 Multijet II од 90 КС co роботизиран менувач и 2.0 Multijet II од 135 КС- и три бензински мотори: 1.4 од 95 КС, 1.4 TurboJet од 120КС и 1.4 TurboJet од 120 КС (бензин/метан). Инаку, гамата се проширува со верзијата “EcoJet” – наменета за моторите 1.3 Multijet II од 90 КС и 1.6 Multijet II од 105 КС – и комбинира ниски трошоци на употреба и ниски потрошувачки (до 15%).

Се продава во преку 80 земји во светот, вклучувајќи ја Северна Америка каде се продава како Promaster City co марката RAM, новото Doblò Cargo се произведува во фабриката на Тофаш во Бурса, еден од најдобрите светски автомопбилски индустриски центри на која ѝ доделена Златана медаља на World Class Manufacturing.

Торино 17 декември 2015

Најново од Fiat