Вести

Светско деби на Ducato Electric

05 July 2019

fiatprofessional-ducato-grey-commercial-vehicle-desktop-1180x400

  • На медиумите ширум светот им е претставен првиот електричен модел на Fiat Professional кој ќе се појави во продажните салони на Fiat и Fiat Professional во текот на 2020.
  • Развиен и проектиран во согласност со највисоките квалитативни стандардина Групацијата ФКАна располагање е  во сите варијанти на каросерија со истиот обем на товарење како и традиционалното Ducato, од 10m3 до 17m3 и има најдобра носивост на пазарот до 1.950 кг.
  • Ducato Electric ќе понуди различни опции на батерии за автономија од 220 до 360 km (според циклусот NEDC).
  • Максимална моќност од 90 kW и максимален вртежен момент на 280 Nm.
  • Производот е плод на длабока анализа на податоците за користење на комерцијалното возило во разни услови на употреба и во соработка со неколку големи клиенти за да понудат решенија по мерка кои го прилагодуваат товарот и перформансите на различните потреби за професионална употреба без компромиси: 100% Ducato, 100% Eлектрично

На настанот посветен на новото Ducato MY2020, еволуција на бестселерот кој веќе 38 години го задоволува разните потреби на бизнисот, марката Фиат Професионал го претставува на светско деби Ducato Electric – комплетно електрична верзија од типот BEV (Battery Electric Vehicle) – кое ќе биде на располагање во текот на 2020 и ќе му се придружи на Ducato Natural Power на метан со понуда со алтернативен погон.

Новото  Ducato успева да се подобри себеси во текот на неговиот еволутивен пат кој не познава застој веќе речиси четириесет години. Најдобри перформанси, екологија, големо внимание посветено на TCO (Total Cost of Ownership), за да се одговори на најдобар начин на различните потреби на секоја професионална мисија. И понатаму има најширока гама за возило “all forward”: препознатлив стил, напредна технологија.
Во овој контекст се вклучува и Ducato Electric, првиот full electric модел на Фиат Професионал, проектиран и развиен со најнапредни квалитативни стандарди на Групацијата ФКА. 

Ducato Electric е осмислено и развиено поаѓајќи од специфична и детална анализа направена при реална употреба на клиентите во текот на цела година и собирање на податоците, за што е потврда и тоа дека преку 25% од пазарот има веќе комплетен “BEV Attitude” од гледна точка на употреба, пат на возење, динамика и перформанси што резултира со “подготвеност” за промена на мобилноста.
Токму професионалците кои работат во посебни бизнис области меѓу првите кои се заинтересирани и подготвени за ова решение: од растечката продажба online, до поштенските услуги и испорака, од ресторани до домаќинства, од локален транспорт hub-spoke, од потребите за испорака во центарот на градот, каде пристапот е сè поограничен, особено во историските центри.

Ducato Electric, согласно неговиот иновативен дух, спроведува проактивна соработка со клиентот преку Проектите за возачот кои ги вклучуваат големите оператори од од секторот за да најдобро се искористат неговите можности и да се сфати секоја одделна потреба за која ќе се води сметка во фазата на поставување на специфичната основа за секоја апликација. Преку ваквиот пристап, Фиат Професионал нуди комплетни решенија за електрична мобилност која тргнувајќи од анализите на енергетските потреби, не покрива само една мисија, туку е во состојба да понуди решенија од возило до инфраструктура, без да се вклучува еден куп побарувања на поинакви услуги коишто во светот на мобилноста секојдневно се појавуваат.

Ете зошто Ducato Electric ќе предложи, освен комплетна гама на верзии и модуларни опции на големината на батеријата со автом=номија на патување од 220 до 360 km (циклус NEDC) и различни конфигурации на полнење. Сето тоа проследено со сосем солидни перформанси: брзина ограничена на 100 km/h за да се подобрат енергетските искористувања, максимална моќност од 90 kW и мксимален вртежен момент од 280 Nm.
Новиот електричен мотор инаку, не ја намалува силната страна на Ducato: најдобар товарен простор во класата од 10 до 17m3, носивост до 1.950 kg, најдобра во категоријата.

Фиат професионал го користи сопственото технолошко наследство и искуство за да развие електрична верзија на неговиот бестселер почитувајќи ги потребите на секој професионален корисник,ј се стреми кон иновацијата, перформансите и флексибилноста, почитувајќи го постојано мотото на Ducato “повеќе технологија, повеќе ефикасност, повеќе вредност”, предлагајќи им на клиентите верзија со “нула емисии” на најефикасниот и најнаменски ван на пазарот.

Новото  Ducato Electric е возило без компромиси: 100% Ducato, 100% Elettrico. Ќе биде дијамантската точка на Фиат Професионал на полето на електричната мобилност и пред сè на преминот кој е сè поочигледен, од традиционален “избор на возило” кон “избор на мобилност” инспириран од специфични фактори од комерцијален и оперативен тип, придвижувајќи го концептот на купување од Total Cost of Ownership кон Total Cost of Mobility.

Најново од Fiat