ФКА (Фиат Крајслер Автомобили) и Waymo уште повеќе ја прошируваат соработката на полето на технологијата во автономното возење и потпишуваат ексклузивен договор за лесни комерцијални возила

ФКА  (Фиат Крајслер Автомобили) и Waymo уште повеќе ја прошируваат соработката на полето на технологијата во автономното возење и потпишуваат ексклузивен договор за лесни комерцијални возила

• Технологијата за автономно возење од ниво 4 (L4) Waymo Driver ќе биде интегрирана во Ram ProMaster, комерцијално возило за транспорт на стока, со цел да овозможи на ваквото партнерство да одговори на специфичните потреби на клиентите за комерцијални возила
• ФКА го избра за ексклузивен и стратешки партнер Waymo за технологијата за автономно возење L4 и Waymo се обврза да ја интегрира сопствената технологија за автономно возење L4 на целата гама на производи на ФКА

ФКА и Waymo објавија дека е направен значаен чекор напред во проширувањето на нивното плодно партнерство на полето на технологиите за автономно возење.

Waymo ќе работи ексклузивно со ФКА како привилегиран партнер во развојот и експериментирањето со лесните комерцијални возила од класа 1-3 за транспорт на стока за комерцијалните клиенти меѓу кои и Waymo Via. Првобитната цел е да се интегрира технологијата на Waymo Driver во Ram ProMaster, високо конфигурабилна платформа која ќе овозможи пристам на една широка гама на комерцијални клиенти на глобално ниво. Ова партнерство ќе им овозможи на ФКА и Waymo да ги искористат своите вештини и силни страни за да одредат како најдобро да го употребуваат автономното возење за да одговорат на специфичните барања на комерцијалните клиенти и во однос на брзиот раст на услугите за испорака на стока.

ФКА го избра Waymo како свој ексклузивен и стратешки партнер за технологијата за автономно возење L4 на целата флота и веќе започна да работи со Waymo за да ги осмисли идните производи на ФКА за транспорт на патници и стоки со кои управува Waymo Driver.

“Нашето партнерство со Waymo започна пред четири години и продолжува да се покажува како иновативно и успешно. Со интеграцијата на Waymo Driver, технологијата за автономно возење светски лидер во нашите миниванови Chrysler Pacifica, станавме единствено партнерство коешто користи целосно автономна технологија за возење во реалниот свет на јавните патишта. Со овој важен чекор напред, кој дополнително ја зајакнува нашата соработка со најдобриот партнер досега во оваа област, се справуваме со потребите на нашите комерцијални клиенти преку заедничко овозможување на автономно возење за лесните комерцијални возила, почнувајќи од Ram ProMaster“, изјави Мајк Манли, извршен директор на
ФКА . “Со заложбата на Waymo да соработува со нас за спроведување на својата технологија за автономно возење L4 во целиот асортиман на производи, нашето партнерство станува референтна точка во развојот на безбедни и одржливи решенија за мобилност кои ќе помогнат да се дефинира автомобилскиот сектор во наредните години и децении.”

“ФКА е првиот наш партнер во ОЕМ и заедно изминавме долг пат “, рече Џон Крафчик, извршен директор на Waymo. „Хибридните микрованови Chrysler Pacifica Hybrid беа првите возила во нашата флота„ Waymo One e“, а управувани од Waymo Driver, кои возеа безбедно и сигурно повеќе од кое било друго возило на планетата. Денес го прошируваме нашето партнерство со ФКА, со Waymo Driver кој станува ексклузивно L4 автономно решение за возење за оваа глобална автомобилска групација. Заедно, ќе воведеме Waymo Driver на целата гама на производи на ФКА, отворајќи нови граници во областа на возила што се користат за такси услуги по барање, комерцијални испораки и приватна употреба низ целиот свет”.

ФКА стана првиот партнер на ОЕМ на Waymo во 2016 година. Оттогаш, двете компании соработуваа тесно за да го интегрираат Waymo Driver на возилата на ФКА и испишаа важно поглавје во историјата на автономното возење со миниванот Chrysler Pacifica Hybrid, возило подготвено за автономно возење од ниво 4, кое јасно ги покажа своите способности. Ова партнерство доведе до лансирање на првата комерцијална такси услуга со автономно возење, вклучително и понуда за услуга без возач, и помина километри и километри пат во десетици градови во различни географски области и во предизвикувачки временски услови.

Auburn Hills, 22 Luglio 2020