Моделот на FIAT Professional, Ducato e прогласен за “Large Van of the Year” на наградите Company Car and Van Awards 2024 во Обединетото Кралство, петти пат по ред

Моделот на FIAT Professional, Ducato e прогласен за “Large Van of the Year” на наградите Company Car and Van Awards 2024 во Обединетото Кралство, петти пат по ред

  • Моделот на Fiat Professional, Ducato, победи во категоријата “Large Van of the Year” на наградите организирани од страна на британското списание Company Car and Van.
  • Ducato е избран поради неговата разноврсна намена, функционалниот дизајн на внатрешноста и сигурносната опрема.
  • Признанието потврдува дека моделот продолжува да биде способен и ефикасен партнер за професионалците, воведувајќи иновации на пазар кој е во постојана развој.

Моделот на FIAT Professional, Ducato, е прогласен за “Large Van of the Year 2024”, продолжувајќи ја серијата последователни победи. Петти пат по ред, на годишните награди Company Car and Van Awards во Обединетото Кралство, одново победи успешниот модел на FIAT Professional.

Ducato е избран поради разноврсната понуда на верзии и неговата извонредна управливост,  неговиот   функционалниот дизајн на внатрешноста и напредната сигурносна опрема. FIAT Professional Ducato одамна се утврди како лидер меѓу комерцијалните возила и затоа, оваа награда е само уште една потврда за способноста на Марката да продолжи да се развива и постојано да внесува иновации.

Моделот Ducato, за прв пат беше претставен во 1981, а неговата најнова верзија нуди капацитет на товар со зафатнина до 17 m3 и носивост до 1.500 kg. Исто така, располага со најдобра ефикасност во сегментот, односно, тоа е фургон  со 6 метри должина за товарење во товарниот дел во оваа категорија, дури 300 mm повеќе во однос на главните конкурентни модели. Електричната верзија, која е произведена целосно “in-house” е опремена со нова батерија од 110 kWh за искуство со нула емисии  која е најдобра во класата, благодарение на автономијата до 420 km* во WLTP циклусот и со полнење од 0-80% за помалку од еден час, благодарение на брзиот полнач до 150 kW. Широката гама на дизел мотори е на располагање и со најновата генерација на MultiJet мотори, кои се на врвот и по перформансите и по доверливоста.

Новото Ducato е првото комерцијално возило опремено со нарпедни системи за помош при возењето (ADAS) ниво 2, кои ја зголемуваат безбедноста на патиштата и на возачот, со што нуди возење без стрес.

Новото Ducato е сериски опремено со бројни ADAS системи, кои пружаат поддршка при кочење кога возилото наидува на непредвидени пречки, како што се пешаци и велосипедисти, помагаат за одржување на возилото во оловозната лента, ја препознаваат патната сигнализација и интелигентно ја одржуваат брзината на движење.

Покрај овие, Ducato има и технолошки содржини, како што е комплетно дигитализираната инструмент-табла, дигитален ретровизор и Full LED предни светла.

 

Торино, 11 јануари 2024 година

Ви треба информација? Разговарајте со нас