Шест милиони возила во Севел, фабриката на Ducato

Шест милиони возила во Севел, фабриката на Ducato

  • Индустрискиот комплекс во Вал ди Сангро ја достигна цифрата од шест милиони произведени возила.
  • Возилото со број 6.000.000 е едно Ducato Natural Power, како дел од гамата на метан на Fiat Professional, најшироката гама на пазарот.
  • Преку 20 години FCA е европски лидер во оваа технологија со минимално загадување на околината, брои преку 754 новорегистрирани возила меѓу кои и автомобили и комерцијални возила.
  • Co овој рекорд Ducato ја зацврстува историската врска помеѓу најпродаваниот модел на Fiat Professional и најголемата европска фабрика за производство на лесни комерцијални возила.

Од производната линија на фабриката во Севел (Европско претпријатие за лесни возила) излезе 6.000.000-тото возило. Тоа е  Ducato Natural Power (средно меѓуоскино растојание, висок кров) со сива алуминиумска боја на каросеријата опремено со мотор со ниско ниво на штетни издувни гасови 140 Natural Power co напојување на метан, којшто испорачува 136 КС моќност  и 350Nm максимален вртежен момент и има перформанси кои може да се споредат со дизел мотор и автономија со метан од 400 km.

Ова возило сведочи за нераскинливата врска помеѓу најпродаваниот модел на Fiat Professional и фабриката Севел во Атеса, во Вал ди Сангро, која е најголема од тој тип во Европа, но и лидер во продажбата од групацијата FCA на возила со двојно напојување бензин/метан за што сведочи бројката од 745 илјади произведени автомобили и возила со двојно напојување. Во тој сегмент гамата Fiat Professional ќе се поднови со четири нови модели: Fiorino, Doblò Cargo, Ducato Van, Minibus или Panorama и Panda Van.

Успех долг 37 години

Веќе триесет и седум години како моделот Ducato направи револуција во панорамата на лесни комерцијални возила и се чини дека таа револуција и понатаму трае. Актуелната генерација, шеста по ред, располага со зголемена носивосткоја е најголема во сегментот 3.5 тони. Помежу многуте силни страни на моделот тука се и моќните и ефикасни мотори, бројните сигурносни системи и системи за помош при возење како и многубројните варијанти на каросерија за секој тип на потреба за опремување. Како последица на тоа, Ducato одржува високо ниво на остаточна вредност како што се ниските трошоци на одржување и ниските цени на на резервните делови што му овозможува на овој модел да биде најпродаваниот на Fiat Professional што му овозможи да ја добие наградата “Total Cost of Ownership” (вкупни трошоци за одржување), основно за подобрување на бизнисот на секоја категорија на клиенти. Моделот Ducato може да се конфигурира според потребите на бизнисот на секоја потреба на клиентите при што нуди широка гама на варијанти со преден погон на пазарот, со комбинирање на различните решенија на школката, моторот и механиката се достигнуваат 10.000 варијанти на комерцијални возила, потоа возила за транспорт на патници и основи за доопремување. Ducato е на располагање во 4 варијанти на должина, три варијанти на висина за фургони  и 6 варијанти на должина за возила со кабина или само шасија. Внатрешноста на гамата фургони може да биде во осум различни волумени кои варираат од 8 до 17 m³ со што на најдобар можен начин ја користат ефикасноста за утовар во категоријата.

Фабрика на рекорди

Ducato е создадено во најголемата фабрика за лесни комерцијални возила во Европа, Севел, во Атеса, ал ди Сангро. Во 1981 фабриката Севел имаше околу 600 вработени, со производна моќ од седумдесет возила дневно. Денес во неа се произведуваат околу 1.200 возила дневно и со исклучителен број на различни конфигурации што е овозможено од високото ниво на специјализација и организација на производната линија. Фабриката е со ознака “Silver” во програмата World Class Manufacturing во која се вбројуваат повеќе од 160 фабрики, од  кои дел на Групацијата FCA, но и други добавувачи и мултинационални компании. Сертификатот “Silver” ги потврдува високите стандарди на ефикасност, организација, работливост и квалитет. Во фабриката работат околу 6.400 лица, а ако се вбројат и добавувачите бројката достигнува до 12.500. Просечната старосна возраст е 45 години од кои 21% се жени. Во рамките на фабриката постои и „Академија“ каде се вршат постојани обуки на вработените.

Ви треба информација? Разговарајте со нас