Вести

Ducato, свет на квалитет и слобода, со табличка на Fiat Professional

16 August 2018

180711_FP_SEVEL_sel_panoramiche_slider

Ducato претставува единствени квалитети во поглед на комфорот, моторите, менувачите, сигурноста и е природно претпоставено за преиначување во кампер уште од самото негово појавување.

Создадено во фабриката Севел во Атеса, во регионот Вал ди Сангро, најголема во Европа која произведува комерцијални возила, каде во 1981 се произведе и првото Ducato.

Успех кој трае 37 години

Веќе триесет и седум години Ducato ја оплеменува панорамата на лесни комерцијални возила и се чини како на тоа да му нема крај. Актуелната генерација, шеста по ред има најголема носивост во категоријата. Неговата платформа е исклучително билансирана и има специфично потпирање за кампер кое овозможува динамички сигурно и доверливо држење во сите услови на пат. Има бројни сигурносни уреди за активна и пасивна безбедност кои овозможуваат да се патува спокојно, и кога се вози целото семејство, а при тоа да се ужува во комфорот.
Денес три од четири продадени кампери во Европа се реализирани врз платформата на Ducato, а во последните 10 години 500.000 семејства одбрале кампер на платформа на Ducato: лидерство кое е означено и со најдобро продавано возило на Fiat Professional, да се управува еволуцијата на производот-кампер, одејќи пред потребите на корисниците уште од самото појавување. Ducato со платформа за кампер на пример, стекна почитување во минатото од техничка гледна точка по капацитетите да се адаптира на потребите за рекреација. Претставува прва платформа со преден погон и трансверзален мотор кој остава простор за опремување позади кабината. Од генерација во генерација, секое Ducato воведуваше новитети со кои се подобруваа возилата за рекреација, како за трансформација, така и за искористувањето од страна на камперите. Не случајно платформата за кампер на Ducato постојано еволуираше, почнувајќи од развојна фаза која достигна до најважните европски конвертери, предлагајќи им, од време на време, специјални шасии, пониски и полесни, со проширен внатрешен простор меѓу тркалата, кабина со пресечен кров и појачана, квадратна форма која може да биде искористена на најдобар начини воопшто, оптимална пропорција на обемот со извонреден сооднос на механичките зафатнини и искористлив простор. Ducato отсекогаш нуди можност за модуларност, лесно управување, и поливалентност, карактеристики кои, севкупно, го утврдија неговиот успех заедно со постојаните иновации, со интелигентни решенија кои го подобруваат престојот во возилото, меѓи кои, на пример и седишта на вртење, captain chairs.

Ducato: “Најдобра платформа за кампер “

Посебноста на фабриката е  во тоа што знае како да конструира возила “по мерка”: би можело и да се потврди дека постои посебно Ducato за секој клиент. Комбинацијата помеѓу трите каросериски изведби, моторите, менувачите и бојата на каросеријаовозможува да се дојде до 13.000 различни верзии. Широк и богат избор: вкупно, има 3 милиони примероци на Ducato произведени од 1981 до денес кои се наменети за различни употреби и секое од нив бара посебни прецизирања. За превоз на стока, важна е ниската работна потрошувачка, за превоз на патници, важен е комфорот, за преиначување важна е флексибилноста, а платформата за motorhome, околу 55 проценти од производството на Ducato 2017, располагаат со висок стандард за квалитет и за ниво на детали. Очигледно поставени стандарди од страна на Ducato: и оваа година, по единаесетти пат, моделот, симбол на Fiat Professional од страна начитателите на германското списание Promobil е избрано за “Најдобра платформа за кампери”, потврдувајќи го така лидерството во секторот motorhome.

Ducato е “Leader in freedom”, и неговата посветеност на клиентот се искажува преку широката гама на услуги, во соработка со Mopar, кои овозможуваат да се ужива во апсолутно спокојство „на отворено“.

Најново од Fiat