E-Ducato: новото превозно средство на Fiat Professional е “100% Ducato, 100% Elettrico”

E-Ducato: новото превозно средство на Fiat Professional е “100% Ducato, 100% Elettrico”

“Светскиот ден за заштита на околината” е најдобриот момент за претставување на еколошката понуда на Fiat Professional која се проширува со E-Ducato, електрична верзија на најдобро продаваното превозно средство.
По претставувањето како прототип, новото E-Ducato продолжува со мерење и тестови за да одговори на предизвиците на пазарот, поставувајќи се како референтна точка.
Револуцијата во електричната ера е потенцирана со новото лого на Дизајнерскиот центар на FCA кое симболично ги спојува иднината и сегашнoста.
Проектирано во согласност со најнапредните стандарди за квалитет на Групацијата FCA, на располагање е во сите варијанти на каросерија со истата товарна како и традиционалното Ducato, од 10 m3 до 17 m3 и располага со најдобра носивост на пазарот, до 1.950 кг.
E-Ducato ќе понуди различни типови на батерии за автономно возење од 200 до преку 330 км во типичен градски циклус, во мисија за испорака на роба. Максималната моќност му е 90 kW, а максималниот вртежен момент на 280 Nm.
E-Ducato е развиено за да биде совршено, благодарение на студијата на посветениот тим кој повеќе од една година ги анализираше податоците собрани од термичките возила на нашите клиенти. И не само тоа: и продажните сили следат специфична обука, која денес е виртуелна, со цел најпрофесионално да се претстави новото E-Ducato уште на првиот контакт.

Помина една година од претставувањето на прототипот на E-Ducato, комплетно електрична верзија од типот BEV (Battery Electric Vehicle) кој што Fiat Professional го разви на својот пат кон електрични возила со нула емисии на издувни гасови. Оваа година, и покрај тешкотиите поврзани со општата опасност по здравјето на луѓето која владее насекаде во светот последниве месеци, новиот модел на Fiat Professional продолжи да се развива и благодарение на помошта на инструментите за симулација, а беше доближен до јавноста преку персоналот за продажба на Fiat Professional со продлабочени сесии на Virtual Classroom и сега е спремно да се пробие на пазарот преку пилот проекти со избрани клиенти.

E-Ducato е создадено преку широка програма за мерење и тестирање која ги зема предвид сите варијабили за користење од страна на разни типови на клиенти, динамички аспекти, на товарење и на околината. “Светскиот ден за заштита на околината” е најдобриот миг за да се потврдат новостите за решението 100% електрично за превозно средство 100% Ducato со кое ќе се гарантира содржината на движењето и бизнисот. Новото електрично превозно средство наскоро ќе му се придружи на Ducato Natural Power на метан во понудата на алтернативни агрегати и се доближува до одговор на предизвиците на пазарот.

Графичка синтеза на една револуција: новото лого
За да се потенцира почетокот на новата електрична ера, се наметнува и потребата за ново лого, кое што го реализираше Дизајнерскиот центар на FCA. Тоа е симболичен спој на сегашноста и иднината на најпродаваното превозно средство. Составено е од два различни елементи: буквата “e” во сина – боја, која отсекогаш се поврзува со технолошката иновација и со содржината – која во горниот дел навлегува во буквата “D” од името “Ducato”, напишано во засенчена сребрена боја со што се истакнува силната личност и препознатливоста која не бара рефлектор за да се истакне. Ова е ново “100% Електрично” возило, кое пишува ново поглавје во славната историја на Ducato, легенда родена пред 39 години и која постојано постигнува комерцијални успеси и технолошки примати. “100% Elettrico, 100% Ducato”: логото “E-Ducato” е графичка синтеза на оваа револуција која ќе ја лансира марката во иднината на мобилноста. Електричната верзија на Ducato ќе биде и врвно достигнување на Fiat Professional на полето на електричната мобилност и на преминот од традиционалниот “избор на возило” кон “избор на мобилност” инспириран од специфични фактори од работен и комерцијален тип, придвижувајќи го концептот на купување од “Total Cost of Ownership” (Вкупна цена за сопственикот) кон “Total Cost of Mobility” (Вкупна цена на мобилност). На ова поле Fiat Professional, секогаш дава повеќе и тоа го покажува на конкретен начин преку ставот за развивање на возило “по мерка на клиентот”.

Развиено од професионалци со придонес од професионалци
E-Ducato е развиено по цела година мерења на патиштата, по анализа на преку 28.000 поврзани возила, со поминати преку 50 милиони изминати километри на термичките возила од страна на посебен тим составен од професионалци, за да ги предочат сите варијабили на користење на клиентот, од динамиката, од товарот и варијабилите на околината.
Предмет на анализа беа: километража, различноста на користените средства по одделни мисии, трошоците за гориво, користењето и температурата која ја развива возилото.
По пат на ваков пристап, Fiat Professional понуди комплетни решенија за електрична мобилност, кој тргнувајќи од анализата на енергетските потреби, можат да ги покријат потребите, не само по одделни мисии, туку ќе бидат во можност да понудат решенија кои ќе се применат од возилото до инфраструктурата, без да се помине целиот пат на услуги кои новите и вонредни закони за мобилност ги бараат, секој ден сè повеќе.
Ете зошто E-Ducato предлага, освен комплетна гама на верзии, и модуларни опции за големината на батериите за автономно возење во типичен циклус на одделна мисија во градски услови на возење од 200 до преку 360 км во нормални временски услови, во зависност од типот на батеријата и различните конфигурации за полнење на истата. Сето тоа, надополнето со перформанси од апсолутен интерес: брзина ограничена на 100 км/h за подобрување на енергетското искористување, максимална моќност од 90 kW и максимален вртежен момент од 280 Nm. Новиот електричен агрегат не ја намалува силната страна на Ducato: товарната зафатнина која е најдобра во класата и тоа од 10 до 17 m3, со корисна носивост од 1.950 кг, најдобра во категоријата. И не само тоа, E-Ducato е 100% поврзано, со ексклузивен систем на уреди за поврзување, кој ги покрива професионалните потреби и потребите на клиентот поврзани со електрификација од каков и да е тип, од изборот на корисници до големи флоти преку специфичен систем за менаџирање на флота.
Fiat Professional го зголемува сопственото технолошко наследство за да развие електрична верзија на својот најдобро продаван производ, почитувајќи ги потребите од кој и да е професионален корисник, благодарение на иновацијата, на перформансите и на флексиблноста, имајќи притоа доверба во мантрата на Ducato “повеќе технологија, повеќе ефикасност, повеќе вредност”, предлагајќи му на клиентот верзија со “нула емисии” на најефикасниот и најразноврсниот ван на пазарот.
Врвно достигнување, без компромиси
Новото E-Ducato е возило без компромиси: 100% Ducato, 100% Eлектрично. Тоа ќе биде врвно достигнување на Fiat Professional на полето на електрична мобилност и пред сè, ќе претставува нагласен премин од традиционалниот “избор на возило” во еден “избор на мобилност” инспириран од специфични фактори од работен и комерцијален тип, придвижувајќи го концептот на купување од “Total Cost of Ownership” (Вкупна цена за сопственикот) кон “Total Cost of Mobility” (Вкупна цена на мобилност).

Комплетна обука за новиот процес на продажба
Целта е професионалното искуство со E-Ducato да започне уште пред седнувањето зад воланот, затоа Fiat Professional во февруари организираше денови за обука на продажниот персонал осмислени специјално за продажниот персонал, на која учествуваа 265 продавачи и шефони на продажба од 124 продажни места на главните пазари, co пробни возења на патеката во Балоко, формирана како терен за возење низ град каде можеа да се пробаат новите начини на возење full Electric.
Секако, направено е и продлабочување на новиот протокол за хомологација WLTP и на неговото влијание во поглед на доопремувањето на возилата, преку презентации на неколку изработувачи на опрема и тоа од подвижни канцеларии со сандаци-фрижидери, па сè до надградба за транспорт на патници: разновидност на намената која отсекогаш претставува силна страна на Ducato на Fiat Professional.

Виртуелна обука: од еволуцијата на обука до еволуција на бизнисот
Како продолжение на мерките за претпазливост и држење растојание, Fiat Professional започна обука преку виртуелен пат: еволуција во светот на обуката, со што и E-Ducato претставува еволуција во бизнисот. И од далеку, секоја сесија имаше предвиден продлабочен фокус на производот, како подготовка за останатите активности и беа разгледани техничките карактеристики и понудата на гамата E-Ducato, co посебно внимание кон иновативните страни на производот. Секоја од виртуелните училници постигна голем успех и имаше бројно учество. На пример, во Германија, 310 учесници; 120 во Полска и 210 од регионот на земјите надвор од Европската унија, а за кратко ќе започне и онлајн обуката за останатите пазари во Европа како што се Шпанија, Франција и Обединетото Кралство.

За да го продолжи својот пат на пазарот, E-Ducato наскоро ќе стане предмет на посебни активности на терен, со што ќе биде тестирано од страна на клиенти-партнери во проширена проба во нормални услови на работа и употреба.
Со овие подготовки E-Ducato ќе влезе на пазарот во наредните месеци, после првата етапа на нарачки на главните европски пазари.

Ви треба информација? Разговарајте со нас