Вести

Fiat Ducato ги надмина рекордите на фабриката Севел

29 March 2016

ducato

Индустриските производствени погони во Вал ди Сангро ги надминаа сопствените таргети со производство на пет милиони возила. Возилото кое помогна во надминување на овој рекорд е новото Ducato People Transport 130 Multijet II. На овој начин дополнително се зајакнаат историските врски помеѓу бестселерот Fiat Professional – кој опстојува веќе 34 години, пет генерации и над 2.6 милиони примероци продадени -и најголемата Европска фабрика која произведува лесни комерцијални возила.

Возилото со број 5,000,000 излезе од производствените линии на Севел (Европска компанија за лесни комерцијални возила). Станува збор за Fiat Ducato People Transport (кратко меѓуоскино растојание и низок покрив), во бела боја со брилијантниот мотор 2.3 Multijet II 130 КС.

 

Ова возило заврши во рацете на италијански сопственик на компанија за превоз на патници, а е опремено со модерна техно командна табла која претставува комбинација на нежни материјални, црно сјајна површина и хромирани вметоци. На централната конзола се наоѓа ексклузивно радио систем UConnect со екран осетлив на допир во боја од 5″ како и CD/MP3 player, со технологија Bluetooth, команди на серво управувач и камера за движење наназад. За надополнување на комфорот во внатрешноста на располагање се повеќе опционални подесувања за возачот и за патниците, како и ефикасен мануелен клима уред за предниот и за задниот дел на патничкиот простор. Сигурноста и безбедоста се загарантирани со најновата генерација на уредот за електронска контрола на стабилноста како и воздушно перниче “full size” од 120 литри за максимална безбедност на патниците.

Најново од Fiat