FIAT Professional го лансира AT8, нов автоматски менувач кој го покажува залагањето на марката да ги подобри производите и постојано да овозможува подобро искуство на корисниците. Проектиран како автоматски менувач со 8 брзини, AT8 е наменет за Новото Ducato, вклучително и верзијата Camper.
Една од главните карактеристики на AT8 е значителното намалување на емисиите на CO2, за 10% во однос на актуелната автоматка верзија, поврзана со инсталирање на поурамнотежен, поефикасен и повеќе контролиран вртежен момент.
Понатаму, овие нови делови се во сржта на вкупното возачко искуство, кое се карактеризира со зголемен комфор, сега дефиниран со подобрени времиња на менување, квалитет и контрола. Сите овие карактеристики произлегуваат од новите спојки, кои се претвораат во поефикасна способност за возење благодарение на подобрениот вртежен момент, до најдобриот вртежен момент во класата од 450 Nm за големо комбе со погон на предните тркала со мотор од 180 КС, Multijet 4.0.
Уште една значајна иновација е хидрауличниот акумулатор, клучен компонент за поддршка на промената на брзините, кој успева да ја зголеми ефикасноста на излезот овозможувајќи побрзо време на одговор, како и префинетост при исклучување на моторот.
Новиот AT8 ќе биде понуден и за верзијата Ducato Camper, која пак, ќе има корист од ова значително подобрување на менувачот. Со ваквиот развој се истакнува постојаната посветеност на FIAT Professional за задоволување на најразновидни корисници, а со тоа обезбедува и производство, кое е во состојба постојано да ги задоволува различните потреби на корисниците. Трансмисијата е наменета за кампери со максимална тежина до 5 тони, што претставува зголемување од над 600 килограми во споредба со претходните модели, за вкупна тежина од 6,5 тони. Ова ги поставува Новото Ducato и FIAT Professional на ниво на водечки избор на пазарот. Друга значајна иновација е хидрауличниот акумулатор, клучен компонент за поддршка на промата на брзините, кој успева да ја зголеми ефикасноста на излезот овозможувајќи побрзо време на одговор, како и префинетост при исклучување на моторот.
Воведувањето на AT8 го претставува најдоброто од FIAT Professional, како комплетирање на низа карактеристики кои од неговото основање ја направија марката светски лидер во понудата на квалитет. Очекуваното намалување на CO2, воведено со лансирањето на AT8 веќе беше земено предвид при процесот на создавање на Новото Ducato, благодарение на неговите аеродинамички подобрувања.
Ова дополнително го нагласува залагањето на FIAT Professional за разноврсна понуда, и способноста да задоволи низа различни потреби и да обезбеди широк спектар на соодветни решенија. Ваквата способност веќе се докажа при создавањето на Новото Ducato, дизајнирано за беспрекорна транзиција од професионално во рекреативно возило.
Со особено внимание за практичноста и подобрувањето на работниот век на професионалците, FIAT Professional воведе карактеристики како што се клупата „Eat&Work“, електрична автономија до 420 km, најдобра во категоријата и можност за брзо полнење до 80% за само 55 минути. Воведувањето на новиот автоматски менувач со 8 брзини ја збогатува веќе широката понуда на FIAT Professional со нова серија на иновативни решенија.
Торино, 24 мај 2024