Вести

Fiat Professional – Комплетирање на гамата

21 June 2016

160615_Fiat-Professional_Gamma_HP

2016 е година на комплетирање на гамата на Fiat Professional : оваа марка која е во постојан подем и развој е подготвена да се соочи со сите предизвици благодарение на нејзините нови производи, целосно посветени на клиентот и одлучноста да креира нови насоки на пазарот на лесни комерцијални возила.

Fiat Professional е прва марка « Born to be Professional », целосно посветена на купувачите кои се во потрага по можности за превоз, со искуство поголемо од сто години во светот на комерцијални возила. Со текот на годините марката ги зајакна своите експертски знаења и професионализам и со голем ентузијазам се втурна во предзивикот за постојан развој без воопшто да се плаши од промени.

Оваа марка нуди богата понуда на иновативни и насочени решенија за светот на бизнисот. Новата понуда на Fiat Professional денес дава комплетен одговор за превоз на лица и стоки затоа што ги покрива сите сегменти на делување ; во понудата ги има сите типови на каросерија, носивост и зафатнини ; нуди комплетна понуда за различни меѓусокини растојанија, должини и висини како и мотори со различни напојувања (бензин, дизел, GPL и метан).

Знаменосец на оваа нова понуда е pick-up-от Fullback со кој марката навлегува во целосно нова територија и прави голем чекор кон глобалниот развој на Fiat Professional. Впрочем во регионот на EMEA, сегментот на pick-up претставува 22 % од целокупната продажба на комерцијални возила.

Fullback со својата архитектура body-on- frame гарантира корисна носивост, капацитет, отпорност и издржливост на секаков терен и при комплетна оптовареност. За тоа говори и неговиот назив, што претставува американски (рагби) фудбалер кој се спротивставува на противникот и кој прв се движи кон напред. Со неговите можности за конфигурација, димензиите и моторите, pick-up –от « Fullback » е новиот « Work Hero » на Fiat Professional.

Веднаш до него се наоѓа Talento со огромни капацитети на товарење, идеален професионален партнер за урбани и екстра-урбани средини. Се истакнува со својата мултифункционалност и капацитет на прилагодување на потребите на клиентите. Talento ги поврзува Doblò Cargo и Ducato со што Fiat Professional го покрива сегментот на комерцијални возила со нови зафатнини, и должини на товарен простор каки и идеални димензии на меѓуоскините растојанија.

Друг новитет во гамата е новото Fiorino, редизајн на моделот кој е иновација во сегментот на мали урбани доставни возила. Нов дизајн на каросерија како и на ентериерот, овој нов Fiat Professional е идеален за градска употреба благодарение на неговите компактни димензии но со одличен капацитет на носивост до 2,8 m 3  и корисна носивост до 660 kg. Новото Fiorino се наоѓа на врвот од својата категорија во делот на перформанси, трошоци за употреба, комфор и функционалност.

Ducato и Doblò Cargo ја комплетираат гамата на Fiat Professional. Првиот е best-seller на маркатакој во своите 35 години постоење и 6 генерации воодушеви повеќе од 2,9 милиони клиенти. Денес се препознава по својата нова понуда на мотори Euro6 со технологија LPEGR и SCR во зависност од неговата конфигурација.

Doblò Cargo пак од својат страна го покрива сегментот кој се позиционира помеѓу фургон возило и специјализирано возило за посебна употреба. Победнички модел роден во 2000 година и до денес избран од страна на повеќе од 1 675 000 клиенти. Ова ново комерцијално возило се истакнува со пазарно учество во Евроа од 25 % во сегментот на лесни комерцијални возила. Негови особености кои вреди да се истакнат се капацитет на товарење до 5,4 m³ и корисна носивост до 1 тон благодарение на ексклузивното потпирање од типот Bi-link и комплетната гама од мотори Euro6 (турбодизел, бензин и бензин/метан) препознатливи по своите перформанси и мала потрошувачка.

Со обновувањето на гамата, марката реализира нов план за комуникација каде во центарот се наоѓа Fullback но и сите останати модели од Fiat Professional кои создаваат компактна и победничка екипа. Fullback со Fiat Professional е официјален спонзор на Светскиот шампионат во Мотокрос (MXGP)

Најново од Fiat