Вести

Fiat Professional партнер на Светскиот шампионат FIM во мотокрос

13 June 2016

160226_Fiat_Professional_01

За Fiat Professional, 2016 е одбележана со новата соработка со FIM (Меѓународна федерација на мотоциклизам) на Светскиот шампионат во мотокрос (MXGP) чија сезона започнува со патеката во Лозај во Катар. Шампионатот ќе се одржи од февруари до септември на 18 патеки во Европа, Америка, Катар, Аргентина и Мексико. На секоја трка ќе има по едно возило од Fiat Professional на стартната линија.

Оваа престижна соработка се базира на споделени вредности во година која е од особена важност за марката Fiat Professional кога се комплетира целосно гамата на комерцијални возила.

160226_Fiat_Professional_02
Прво возило кое се комерцијализира оваа година е pick-up Fullback претпремиерно претставен на Саемот на автомобили во Дубаи минатиот ноември, а за регионот на EMEA овој модел ќе биде на располагање од месец мај. Fullback ќе ги задоволи реалните потреби на професионалните клиенти со истакнување на своите спортски вредности од светот на американскиот фудбал.

Новиот Fullback ќе биде звездата на официјалната флота на Светскиот шампионат во мотокрос и ќе се претстави во повеќе конфигурации. Рick-up -от на Fiat Professional со својата мултифункционалност целосно ги задоволува професионалните потреби но истовремено е идеален и за секојдневно патување и различни хоби.

Вest-seller на Fiat Professional, Fiat Ducato исто така ќе биде дел од Светскиот шампионат со своите верзии за превоз на лица, на товар, како и новите возила-сервиси кои ќе им бидат на располагање на натперавувачите..

160226_Fiat_Professional_FULLBACK_MOTOCROSS

Најново од Fiat