Fiat Professional на Интернационалниот саем во Хановер 2018

Fiat Professional на Интернационалниот саем во Хановер 2018

Fiat Professional на својот штанд ја претставува комплетната гама на комерцијални возила, секое од нив со осмислена и изведена опрема за специфична намена за да може клиентот да се поддржи во работата на најдобар можен начин.

Ducato: најпродаваниот модел во гамата на Fiat Professional е лидер на европскот пазар во вистинска смисла на зборот и во Хановер ја претставува сета своја способност да се реализира во возило за одредена намена: од активностите како “street food” до мобилна работилница MEC (Mopar Express Care), од кабина со платформа до возило без кабина само со платформа, дизајнирани и доставени како база за најразновидни видови на опремување меѓу кои и кампер (70% од камперите продадени во Европа се на база на Ducato), возила како средство за работа,  за влечна служба, транспорт на коњи и мобилни продавници. Меѓу другото, Fiat Professional соработува со најдобрите опремувачи во Европа, меѓу кои AL-KO, лидер во секторот за изведување на специјални возила.

Fiat Professional ја претставува и најшироката еколошка гама на пазарот: освен Ducato Minibus Natural Power, за одржлив транспорт, понудата ја комплетираат Doblò, во верзија на фургон со долго меѓуоскино растојание, агилното Fiorino, и двете возила со конфигурација Natural Power на метан, кои го потврдуваат лидерството на FCA во продажбата на CNG возила со преку 720.000новорегистрирани автомобили и комерцијални возила.

Штандот на Fiat Professional го комплетираат прекрасните Fullback Cross Concept by Garage Italia и Talento Shuttle by Irmscher. И двете нивоа на опременост го искажуваат карактерот на lifestyle, повеќенаменски и возила кои овозможуваат да се издвојат од секојдневието и овозможуваат максимално да се доживее секој момент од денот.

На Саемот во Хановер се лансира Mopar® Connect Fleet, сет на услуги за поврзан автомобил кој обезбедува сигурност и управување со флотите на возилата на FCA за менаџерите за флота на малите и средните претпријатија.

Ви треба информација? Разговарајте со нас