Fiat Professional на караванот на Саемот во Дизелдорф 2018

Fiat Professional на караванот на Саемот во Дизелдорф 2018

  • Се случи и главниот светски настан посветен на рекреативните возила, секотр кој продолжува да расте на сите пазари.
  • Протагонист беше и Ducato на Fiat Professional кое е најпродавано возилочија основа за кампер е идеална за сите вљубеници и кое е бескомпромисен лидертри од четири кампер возила продадени во Европа се на база на Ducato.
  • На штандот беа изложени четири ниски Ducato кампер – две само со кабина, две со интегрален погон – беа претставени и безбројните комбинации кои може да се изведат.
  • Во последните десет години 500.000 семејства избрале кампер со основа на Ducato и веќе 11 години е признат како Најдобра основа за кампер“.
  • Ducato е “Leader in freedom”, како што го покажува и широката гама на услуги, развиени во соработка со Mopar, кои овозможуваат да се доживее во потполна тишина и спокојство туризам на отворено.
  • Во Дизелдорф дебитира новиот идентитет и новото лого на “Fiat Professional for Recreational Vehicles” кое Fiat Professional го посветува на секторот за рекреативни возила

Големо внимание привлече Караван Саемот во Дизелдорф 2018 посветен на секторот за рекреативни возила. Средба која не смее да се пропушти доколку се сака да се видат новитетите и настан на кој присуствува брендот Fiat Professional со својот бестселер Ducato, основа за кампер. Ова возило со години наназад е лидер на сите европски пазари. Покрај останатите кампери изработени на база на Ducato кои беа изложени на германската манифестација, на штандот на Fiat Professional ќе може да се ужива и во четирите примероци на Ducato база за кампер – две само со кабина и две back-to-back – кои се само примери за бројните решенија кои ги овозможува овој модел. Се предвидува продажбата на овој модел во текот на 2018 да ја премине бројката од 120.000 што ќе биде пораст за 10% во однос на минатата година. Побарувањето секојдневно се зголемува и ги вовлекува и останатите пазари од кои некаде е зголемена продажбата и за дури 50% во последниве четири години.
И понатаму расте бројот на вљубениците во овој тип на возила, затоа што се практични и овозможуваат личен израз на сопствениот животен стил кој се води надвор од претпоставените патишта. И токму тие го претставуваат успехот на моделот, симбол на Fiat Professional, како што потврдува и признанието освоено по единаесетти пат, токму во Германија: и оваа година Ducato е избран за “Најдобра основа за кампер” од страна на читателите на познатата германска ревијан Promobil, потврдувајќи го на тој начин лидерството во секторот motorhome.
Fiat Professional работи не само на сопствениот развој туку и на развојот на најпродаваната основа за кампер во Европа и токму затоа денес три од четири продадени возила од овј тип се токму Ducato – исто така работи на развој на услугите и постојано останува тесно поврзан со клиентите. Благодарение на експертите во брендот посетителите на Караван Саемот 2018 можат да се уверат во вредноста на сите проучени решенија на за спокојство на клиентите заедно со извонредноста на произвоидот, што го прави Fiat Professional вистински “Leader in Freedom”.
Конечно, токму на Саемот во Дизелдорф Fiat Professional го претстави “Fiat Professional for Recreational Veicles”, кој се “однесува на клиентот” co соодветно име, добро определен идентитет, специфично лого и единствена комуникација. Сето тоа во линија со самиот бренд кој отсекогаш располага со специјалност и посветеност на бизнисот за рекреативни возила.

Ви треба информација? Разговарајте со нас