FIAT Professional Ducato избран за “Најдобра основа за кампер 2023” од страна на Promobil 15 пати едноподруго

FIAT Professional Ducato избран за “Најдобра основа за кампер 2023” од страна на Promobil 15 пати едноподруго

  • FIAT Professional Ducato од страна на читателите на германското специјализирано списание во секторот за кампери, Promobil, е исбрано за Најдобра основа за кампер 2023″.
  • Наградата го потвдува моделот како лидер во сегментот, како и важноста во Секторот за рекреативни возила на FIAT Professional.

Продолжувајќи ја својата серија на победи, FIAT Professional Ducato ја освои престижната награда „Најдобра основа за кампер 2023“, пред жестоките конкуренти. Читателите на германското специјализирано списание „Promobil“ петнаесетти пат по ред, го наградија успешниот модел на FIAT Professional.

Овогодишниот избор на читателите на германското списание е важен и значаен репер за трендовите во Секторот за рекреативни возила повеќе од четврт век, и ја потврдува важноста на оваа награда.

Ова престижно признание е дополнителна потврда за довербата што ја имаат корисниците во FIAT Professional Ducato како идеално основно возило за нивното слободно време. Бројните варијанти на FIAT Professional Ducato кои служат како основа за „куќите на тркала“ се дизајнирани и развиени заедно со главните европски производители во овој сектор.

Секторот за рекреативни возила е долготраен и стратешки бизнис, како за FIAT Professional, така и за неговиот модел Ducato. Основата на неговиот успех лежи во стратегијата за дизајнирање на возилото, уште од фазата на развој, како платформа за додатоци. Ducato отсекогаш нудел можност за модуларност, возење слично на она на автомобилот и разноврсност, карактеристики кои го одредуваат неговиот успех, придружен со постојаните иновации.

Денес заедницата на корисници на кампери Ducato достигна преку 700.000 членови кои патуваат низ Европа. За да им овозможи на клиентите на FIAT Professional Ducato да уживаат во одморот во мир и тишина, марката со години нуди бесплатна телефонска услуга за помош во 51 земја и на 15 јазици, исклучиво за сопствениците на кампери, подготвени да им помогнат во случај на дефекти, но и за кој било друг вид на информации.

Ducato постигна огромен успех затоа што од возило за работа се трансформира во луксузно возило, потенцијален премиум на целата гама на FIAT Professional кога ќе се трансформира во кампер. Тоа е рационално и професионално возило кога се користи за работа, флексибилно и еклектично за на одмор.

Од претставувањето на првиот модел во 1981 година, Ducato постојано се подобрува. Комбето за разноврсни намени се разви во трендовски модел, кој сега се продава во повеќе од 80 земји низ светот. Сето ова го прави FIAT Professional Ducato вистински глобален модел и репер во неговиот сегмент. FIAT Professional Ducato се произведува во фабриката на Стелантис во Атеса (провинција Кјети) повеќе од 40 години.

Toрино, 16 јануари 2023

Ви треба информација? Разговарајте со нас