Fiorino Cargo

ПЕРФОРМАНСИ

Малечок кон голем


КОМПАКТЕН ВАН КОЈ СОНУВА НА ГОЛЕМО

ДИЗЕЛ МОТОР ЗА ДА ГО ИСПОЛНИ СЕКОЕ ЗАДОЛЖЕНИЕ И ЗА ДА ЈА ЗАДОВОЛИ СЕКОЈА ПОТРЕБА НА КЛИЕНТОТ

Моторот Multijet2 1.3 дизел 75 КС E5+  гарантира поголемо задоволство при возење, одлично ниво на перформанси, намалена бучност, ниски трошоци на работа, доверливост и заштита на околината.

*Просечна потрошувачка: 5 l/100 km
*Емисија на CO2: 118-123 g/km

* Вредностите за потрошувачката на гориво и CO2 се прикажани за споредба со други возила кои се тестирани со исти технички процедури и може да не ги одразуваат вредностите при секојдневно возење. Вредностите зависат од повеќе фактори како што се вградената дополнителна опрема, временските прилики, стилот на возење и натовареноста на возилото.

ДИЈАМЕТАР НА ВРТЕЊЕ

ДИЈАМЕТАР НА ВРТЕЊЕ САМО 9,95 M

Ван со компактни димезнии кој врти како да е автомобил. Перформанси, управливост и возност благодарение на дијаметар на вртење во само 9,95 m. ​​​

ЕКОНОМИЧНОСТ

Намалени трошоци за поправка

Намален е ризикот од дефекти, заради поголема продуктивност.
Fiorino е дизајнирано за да го намали ризикот од оштетувања и да ги олесни поправките.

Задни и предни светла на повисока позиција: намален ризик од оштетување при судар
Заштитни странични лајсни ја заштитуваат страницата на возилото од мали удари и лесно се заменуваат, со што се намалуваат трошоците за поправка.

Ви треба информација? Разговарајте со нас