Возачко седиште и сосема нова контролна табла
Возачкото седиште е ултра прилагодливо: можете да го прилагодите во висина и во лумбалниот дел, да го поместите седиштето наназад и нанапред и да ја прилагодите позицијата на воланот, со цел да Ви обезбеди бенефиции во насока на максималната удобност и правилна седечка положба. Седиштето може исто така да биде и стоплено, поткренато и со прилагоден дел за потпирање на раката.
Контролните механизми и индикатори се исто така лесно достапни и можат да бидат раководени благодарејќи на новата ергономично-дизајнирана контролна табла со централно конзолно куќиште кое во себе интегрира вградено радио, практичен држач на таблет, држач за шише или пак простран дел кој може да се искористи за складирање на 15.6” лаптоп.
Инструменталниот панел, со бела графика на црна позадина, е дизајниран со цел да овозможи максимална читливост и видливост на сите потребни информации.
Две дополнителни опции за контролната табла-основна, чувствителна и практична или пак енергична Techno.