Ducato за превоз на патници

Ducato за превоз на патници

ГАМА И НОСИВОСТ

Убавината да патувате во големо друштво

 

ПРИСТАПНОСТ

Совршено решение за поедноставен пристап on-board.

За оптимално сместување на патниците, лизгачката странична врата совршено се вклопува во возилото, благодарејќи на челичната лизгачка решетка и вертикалната рачка, која е посебно лесна за маневрирање, а пристапот за извлекување им овозможува на патниците уште полесно да влегуваат и излегуваат од возилото.

Делот за товарење е исто така едноставно пристапен благодарејќи на задната врата која може да биде отворена на 90°, 180° или по барање, на 270°, за удобно товарење и растоварење на роба и багаж, дури и во многу ограничен простор.
Прагот на товарење се наоѓа на само 50 cm од земја. И не само тоа:

Лизгачката врата е дизајнирана со цел да го олесни отварањето и затворањето во стилот на отворање на куфер и да ја направат едноставна за стегање.
Втора лизгачка странична врата-на десната страна- достапна по барање.

Странична скала со автоматска активација обезбедува пристап во Ducato Combi. Платформата е покриена со алуминиум кој не се лизга и поддржува товар од максимум 150 kg.

DUCATO COMBI И DUCATO ПАНОРАМА

Две возила, илјадници можности. Многу поголема сестраност, благодарејќи на иновативниот систем Flex Floor:

Подна единица со три алуминиумски патокази кои овозможуваат да го движите, да го ротирате и да го поместувате седиштето едноставно, брзо и во целосна безбедност.
Овозможува да ги менувате димензиите на делот за багаж како и на патничкиот дел, во насока на најдобра конфигурација во секое време.

Посебно препорачливо за транспорт на патници со посебни потреби, благодарејќи на:
Прицврстените уреди за инвалидски колички.
Широк опсег на различни дополнителни уреди дизајнирани во насока да понудат помош на патници со моторички потешкотии, помагајќи им да се качат во возилото безбедно и удобно.

DUCATO COMBI

Простор во самиот простор.
Опција дизајнирана специјално за комбиниран транспорт на луѓе и роба.

Од 5 до 9 седишта.
Товарен волумен од 7 до 11.5 m3

3 меѓуоскини растојанија, 3 должини, 2 застаклени или полузастаклени
Седиштата од вториот и третиот ред можат да бидат преклопени, склопени или отстранети со цел да се создаде повеќе простор за робата.
Странични панели со обемни и практични делови за складирање.
Максимална удобност и оптимална дистрибуција на воздух преку подкровните цевки/канали, со засебни вентили за секој патник.

На располагање и кај Maxi верзијата.
Combi
GVW: 3000 до 3500 kg
Број на седишта и носивост на товарење (вклучувајќи го и возачот):
5 седишта со носивост до 1025 kg;
9 седишта со носивост до 753 kg;
Меѓуоскино растојание: 3000 и 3450 mm
Надворешни димензии:
Должина: 4963 и 5413 mm
Висина: 2254 и 2524 mm
Ширина: 2050 mm
Димензии на делот за багаж:
Должина: од 816 до 2159 mm
Ширина: од 1860 до 1870 mm
Висина: од 1515 до 1788 mm
Combi Flex Floor
GVW: 3500 kg
Број на седишта и носивост на товарење (вклучувајќи го и возачот): 9 седишта носивост до 438 kg
Меѓуоскино растојание: 4035 mm
Надворешни димензии:
Должина: 5998 mm
Висина: 2524 mm
Ширина: 2050 mm
Димензии на делот за багаж:
Должина: различна, во зависност од распоредот на седиштата.
Ширина: од 1860 mm
Висина: 1788 mm

DUCATO ПАНОРАМА

Патувајте удобно.
Елегантна и многу поудобна внатрешност во насока на зголемено задоволство при патувањето, нудејќи им првокласни услуги на вашите патници.
На располагање се верзии со 8 и 9 седишта.
Волумен на товарење од 6 до 2.5 m³.
2 меѓуоскини растојанија, 2 должини, 2 единечни седишта со прилагодлив агол за подесување на грбот, тапациран дел за потпирање на рацете и сигурносни појаси на врзување со 3 спојни точки.

Прозорците во вториот ред се отвараат на лизгање.
Двојна контролна единица за подесување на температура (по барање) и персонализирана дистрибуција на свеж воздух (поединечен вентил за секој патник) за оптимална контрола на температурата за време на возењето.
Топол воздух кој се распределува индивидуално до секој патник преку канал кој се наоѓа под подот и отвори под секое седиште.
Делот за багаж е со oдделена полица со опција за прeвиткување и остранување, за складирање на огромен багаж (капацитет до 2.5 m³).

 

Панорама
GVW: 3000 до 3300 kg
Број на седишта и капацитет на товарење (вклучувајќи го и возачот): 8/9 седишта и капацитет до 471 kg
Меѓуоскино растојание: 3000 и 3450 mm
Надворешни димензии:
Должина: 4963 и 5413 mm
Висина: 2254 и 2524 mm
Ширина: 2050 mm
Димензии на делот за складирање на багаж:
Должина: од 588 до 1038 mm
Ширина: 1350 mm
Висина: од 1515 до 1788 mm
Панорама Flex Floor
GVW: 3300 kg
Број на седишта и капацитет на товарење (вклучувајќи го и возачот): 9 седишта и капацитет до 403 kg
Меѓуоскино растојание: 3450 mm
Надворешни димензии:
Должина: 5413 mm
Висина: 2524 mm
Ширина 2050 mm
Димензии на делот за складирање на багаж:
Должина: варијабилна, во зависност од распоредот на седиштата
Ширина: 1350 mm
Висина: 1788 mm
Меѓуоскино растојание: 3450, 4035 mm
Надворешни димензии:
Должина: 5738 до 6228 mm
Висина: 2424 mm
Ширина: 2100 mm
Внатрешни димензии на платформата:
Ширина: 2 m
Должина: 2.398 m до 2.888 m
Странична висина: од 0.4 m
Број на седишта во кабината: 6/7

Ви треба информација? Разговарајте со нас