Scudo Passengers Transport

Scudo Passengers Transport

ГАМА И НОСИВОСТ

Решение за секaков тип на транспорт што Ви е потребен.

ПРИСТАПНОСТ

ВЛЕЗЕТЕ ВО ВОЗИЛОТО СО МАКСИМАЛНА УДОБНОСТ

    Широка лизгачка странична врата која Ви овозможува пристап до вториот и третиот ред на седишта.

  • Првото седиште до вратата во вториот ред се превиткува нанапред со цел да го олесни пристапот до третиот ред.
  • Само-израмнувачка пневматско потпирање.

Овозможува максимална удобност за сите патници.

  • Ја унапредува стабилноста при возењето, одржувајќи ја рамнотежата и конзистентноста при секакви услови на патот, дури и кога натоварената роба е позиционирана нерамно.
  • Овозможува подигање и спуштање на прагот на товарење до 5 cm, преку контрола на товарниот дел, кога возилото е стопирано.
  • Кај верзиите со стандарден покрив, потпирањето овозможува максимална висина на возилото до 1.894 m, што е под дозволениот лимит од 1.90 m за градски гаражи и повеќекатни паркиралишта.

БАГАЖЕН ПРОСТОР

МОДУЛАРЕН, ПРОСТРАН И ИСКЛУЧИТЕЛНО ПРАКТИЧЕН

Преку прилагодување на седечките конфигурации, можете максимално да го искористите просторниот дел за складирање на Вашата роба, спортска опрема или багаж.

Дури и при конфигурација со 9 седишта, овој дел овозможува:

  • Складирање до 520 l под самиот под и 310 l под одделената полица кај верзиите со кратки меѓуоскини растојанија
  • Складирање до 1200 l под самиот под и 700 l под одделената полица кај верзии со долги меѓуоскини растојанија

SCUDO COMBI

ОДЛИЧНО ЗА ТИМСКА РАБОТА

  • Удобност и стил, комбинирани со практичност на лесен фургон
  • Застаклено и полу-застаклено
  • Кратко и долго меѓуоскино растојание
  • 6 седишта; простор за Вашиот товар или работни алати, дури и за роба која е помасивна
  • 9 седишта: повеќе простор за Вашите патници, со простран дел за багаж
  • Двојни задни врати на нишање

Scudo Combi затворено и застаклено и Панорама со 5/6 седишта

Носивост (број на седишта +носивост):
– 950 kg (5 седишта + 610 kg);
– 938 kg (6 седишта + 530 kg);
Меѓуоскино растојание: 3000, 3122 mm
Надворешни димензии:
– должина: 4805 и 5135 mm
– висина: 1980 mm
– ширина: 1895 mm
Димензии на делот за товарење:
– висина: 1.449 m и 1.750 m
– ширина: 1.600 m (комбе верзија) и 1.180 m (Панорама верзија)
– максимална должина: 1.230 m и 1.550 m

Scudo Combi затворено и застаклено и Панорама со 8/9 седишта

Број на седишта и носивост (вклучувајќи го и возачот):
– 872 kg (8 седишта + 328 kg)
– 861 kg (9 седишта + 249 kg)
Број на седишта + зголемена носивост (вклучувајќи го и возачот):
– 999 kg (8седишта + 455 kg)
– 987 kg (9 седишта +375 kg)
*Алтернативно:
Меѓуоскини растојанија: 3000, 3122 mm
Надворешни димензии:
– должина: 4805 и 5135 mm
– висина: 1980 mm
–ширина: 1895 mm

SCUDO PANORAMA FAMILY

ДИЗАЈНИРАНО ЗА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО И ВАШЕТО СЛОБОДНО ВРЕМЕ

Елегантно тапацирано, со богата опрема, вистински MPV, способен да понуди оптимално задоволство за време на возењето

  • Oд 5 до 8 седишта
  • Кратко и долго меѓуоскино растојание
  • Рачна контрола на температурата-стандардна или автоматска и дополнителна единица за контрола на температурата во задниот дел, достапна по барање

Задна врата која се подигнува до хоризонтална позиција. Внатрешноста може да биде едноставно конфигурирана, благодарејќи на прилагодливите, превиткувачки, наредени и отстранливи седишта

  • 1 ред: 2 единечни седишта
  • 2 ред: дводелна клупа + единечно седиште
  • 3 ред: троделна клупа (алтернативно)

SCUDO PANORAMA EXECUTIVE

ДИЗАЈНИРАНО СО ВРВНА ПОСВЕТЕНОСТ НА ДЕТАЛИ, ВО НАСОКА НА СОФИСТИЦИРАНИ ОПЦИИ ЗА ТРАНСПОРТ

Супериорен финиш и максимална елегантност, најдобрата добитна бизнис комбинација за хотели, авионски компании или било која компанија која е во потрага по начин за импресионирање и во поглед на ефикасност и во стил.

  • Од 5/6 до 8/9 седишта
  • Кратко и долго меѓуоскино растојание
  • Кожен волан и рачка за менување на брзини, радио, CD и MP3 плеер, сензор за светло и дожд и автоматска двозонска контрола на температурата
  • 16” тркала од лесна легура
  • Задна врата која се подигнува и подесува хоризонтално
Ви треба информација? Разговарајте со нас