Scudo Passengers Transport

УДОБНОСТ

За подобрено искуство за време на возењето.

ВНАТРЕШНОСТ

ВОЗАЧКО СЕДИШТЕ

Внатрешноста може да биде лесно конфигурирана благодарејќи на прилагодливите, преклопливи, наредени и отстранливи седишта .

  • 1 ред: седиште на возачот + дводелна клупа
  • 2 ред: дводелна клупа + единечно седиште
  • 3 ред: троделна клупа (алтернативно)

Видливост како на хечбек, удобност како кај лимузина

  • Подигната возачка положба и рачка на менувачот на контролната табла.
  • Воланот е прилагодлив и во висина и во длабочина.
  • Ергономските седишта доаѓаат со надолжно прилагодување и подесување на положбата на грбот и главата, како и прилагодување на висината како стандардна опција-двоен потпирач за раце, лумбална поддршка и затоплување на возачкото и патничките седишта (по барање).
  • Инструментите се поделени во 4 квадранти на црна позадина и се сосема едноставни за читање и користење.
  • Контролните уреди за температура, радио и предупредувачки светла во ситуации на опасност се едноставни за користење и на дофат.
  • Мултифункционален дисплеј со LCD екран за прикажување на информации на on-board компјутерот, вклучувајќи го и датумот, времето, надворешната температура и радио функциите (стандардни кај Панорама верзијата).
  • Електрични прозори опремени со сензори против приклештување

Scudo Executive Special:

  • Кожен волан и рачка на менувачот
  • автоматски двозонски систем за контрола на температурата

ПРЕДНИ СЕДИШТА

На располагање се 3 удобни седишта

Подигнати позиции на возење и рачка на менувачот на контролната табла.

Со тапациран потпирач за глава кој се прилагодува во висина и две опции за конфигурирање:

  • Panorama Family: единечни седишта за возачот и патниците, надолжно прилагодување и подесување на положбата на грбот и главата, со лумбална поддршка и потпирач за раце, како стандарден
  • Combi: возачко седиште и 2 патнички седишта

ПАТНИЦИТЕ ВО ЗАДНИОТ ДЕЛ

Опции на располагање дизајнирани за Вашиот најважен и неизоставен ден-Вашите патници.

За патниците во задните редови, Scudo Панорама ги нуди следниве опции како стандардни:

  • Дводелна клупа, плус единечно седиште во вториот ред, со индивидуално прилагодлива позиција на грбот и главата: позицијата за потпирање на главата и грбот во централното седиште е опремена со држачи за чаши
  • Двојна лизгачка странична врата

Третиот ред може да се спои со вториот, со помош на дводелна клупа и единечно седиште, достапно по барање.
Возилата кои имаат интегрирано трет ред поседуваат седиште за лесно маневрирање при влегување во вториот ред: со помош на рачна дигалка, седиштето може да биде расклопено, со цел да се овозможи пристап до третиот ред.

На располагање се исто така седишта наредени по принципот на театарски изглед: седиштата од вториот и третиот ред се незначително подигнати (вториот ред е 7 cm повисок од првиот; третиот ред е 3 cm повисок од вториот ред), подобрувајќи ја видливоста на Вашите патници.

Седиштата од вториот и третиот ред се опремени со тапацирани потпирачи за глава и појаси за врзување во 3 точки: задните седишта се опремени со Isofix прицврстување за овозможување на поставување на детски седишта.

Ви треба информација? Разговарајте со нас