Ducato Conversion

 комерцијални возила

Ducato Conversion

ЕФИКАСНОСТ

Ви помага во остварувањето на Вашата цел.

Новото Ducato Conversion нуди широк опсег на моќни мотори, ефикасни во поглед на потрошувачка и испуштање, динамични и пријатели на околината.

EURO 5 МОТОРИ

Нудат поголема ефикасност во поглед на трошоците, еколошки прифатливи и со подобри перформанси.

Ducato е на располагање со 4 Euro 5+ мотори со моќност од 115, 130, 150 и 180 HP единици, со цел да Ви овозможи перформанси кои најмногу ќе одговараат на Вашите потреби за транспорт.

MultiJet II

Станува збор за новата генерација на MultiJet моторите: иновативен систем за напојување со гориво со побрзо вбризгување и опција за повеќекратно вбризгување во брзи секвенци-сé до 8 пати по циклус-отпимизирајќи го согорувањето во насока на зголемена моќност и емисија на штетни материи која е намалена до минимално ниво на бучава. Овие мотори се исто така полесни, со оптимизирачки капацитет, благодарејќи на:

  • Нивната едноставна конструкција
  • Нивните оптимизирани компоненти
  • Достапно во верзии со моќност од 115, 130 и 150 HP единици.

115 MULTIJET EURO 5 МОТОР

115 MULTIJET EURO 5 МОТОР

Најекономичната и еколошка верзија: совршена и за лесен и за голем товар, за кратки до средни и екстра урбани патувања.

Зафатнина: 1956 cc
Максимална моќност: 115 HP/85 kW на 3700 rpm
Максимален број на вртежи: 280 Nm на 1500 rpm

– Електронска контрола на системот за директно вбризгување Common Rail MultiJet II со турбо и внатрешен систем систем за ладење
– Клипови со канали за ладење за повисоки нивоа на вртежи
– Лесен и економичен: само 180 kg, за загарантирано ниска потрошувачка на гориво и повисок капацитет.
–Рачен менувач на брзини со 5 нивоа
– Потребно сервисирање на поминати 48,000 km.

130 MULTIJET EURO 5 МОТОР

130 MULTIJET EURO 5 МОТОР

Флексибилност, лесно возење и оптимизирано забрзување, дури и при голем товар; идеален мотор за комбинирана употреба при секакви услови и околности.

Зафатнина: 2287 cc
Максимална моќност: 130 HP/96 kW на 3600 rpm
Максимален број на вртежи: 320 Nm на 1800 rpm

– Електронска контрола на системот за директно вбризгување Common Rail MultiJet II со турбо и внатрешен систем систем за ладење
– Клипови со канали за ладење за повисоки нивоа на вртежи
– На располагање со Start&Stop системот, по барање
– Ниски тековни трошоци, одлични перформанси и продуктивност
–Ниско ниво на испуштање со помош на вентилот за рециркулација на издувни гасови EGR (Exhaust Gas Recirculation) и DC Motor за делумна рециркулација на издувните гасови
– Рачен менувач на брзини со 6 нивоа
- На располагање со автоматски менувач на брзини Comfort-Matic
– Потребно сервисирање на секои 48,000 km.

150 MULTIJET EURO 5 МОТОР

150 MULTIJET EURO 5 МОТОР

Поголема моќност и поголем број на вртежи за навремена реакција и заслепувачки врвни перформанси, нудејќи го потребниот оптимален баланс помеѓу моќност и потрошувачка на гориво, надополнет со намалена емисија на штетни материи.

Зафатнина: 2287 cc
Максимална моќност: 148 HP/109 kW на 3600 rpm
Максимален број на вртежи: 350 Nm на 1500 rpm

–Електронска контрола на системот за директно вбризгување Common Rail MultiJet II со турбо и внатрешен систем систем за ладење
– Клипови со канали за ладење за повисоки нивоа на вртежи
– На располагање со Start&Stop системот, по барање
– Ниски тековни трошоци, одлични перформанси и продуктивност
–Ниско ниво на испуштање со помош на вентилот за рециркулација на издувни гасови EGR (Exhaust Gas Recirculation) и DC Motor за делумна рециркулација на издувните гасови , во споредба со 130 MultiJet
– Рачен менувач на брзини со 6 нивоа
- На располагање со автоматски менувач на брзини Comfort-Matic
– Потребно сервисирање на секои 48,000 km.

ОПТИМИЗАЦИЈА ПОМЕЃУ ТРОШОЦИ И ЕФИКАСНОСТ

Ниска потрошувачка и намалени тековни оперативни трошоци.

ПОТРОШУВАЧКА

Најниска потрошувачка во својата класа

Индикатор за промена на брзина

Потребно сервисирање на поминати 48,000km кај MultiJet II Euro 5 моторите.
Рекордна заштеда кај 115 MultiJet Euro 5 моторот.
–15% потрошувачка за време на урбан циклус на возење со Start&Stop

Индикатор за промена на брзината

Посочува кога е потребно да се промени брзината, во насока на оптимално користење на моторот, овозможувајќи веднаш воочливи заштеди во поглед на трошоци.

START&STOP УРЕД

Овој уред овозможува автоматско исклучување на моторот кога возилото е заглавено во сообраќај и кога менувачот на брзини е поставен на неутрална позиција.

Сите функции кои гарантираат безбедност и удобност за време на возењето остануваат активни (контрола на тенпературата, радио, бришачи на шоферчајбната). На располагање кај моторите MultiJet 130 и 150 HP.

COMFORT-MATIC МЕНУВАЧ НА БРЗИНИ

Ефикасност на рачен менувач на брзини со удобност на автоматизиран менувач:

  • Автоматизираниот менувач на брзини поседува 6 брзини и рикверц.
  • Ги подобрува перформансите
  • Ја намалува потрошувачката
  • Го прави возењето помалку напорно, посебно кога станува збор за патувања со чести сообраќајни метежи.

Up клуч е создаден во насока на побезбедно возење доколку возилото е целосно натоварено и патува на тешко-проодни терени,.
Го спречува процесот на несоодветно менување на брзини.

Можете да уживате во изборот од 3 оперативни модели:

  • Автоматски, за нормално возење
  • Автоматски “Up” за справување со голем товар.
  • Рачен, за целосно персонализирано возење
  • Во насока на гарантирање на максимална ефикасност со целосно натоварено возило и по угорници, користете го UP клучот, кој го оптимизира поместувањето на брзини и овозможува посоодветно управување и маневрирање во зависност од околностите
  • .

*На располагање кај моторот 130 MultiJet, 150 MultiJet и 180 MultiJet .

ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

ТРОШОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ

Помал ризик од штета значи повеќекратна заштеда на пари. Комбето Ducato е дизајнирано во насока да го минимизира ризокот од штети и да ја зголеми Вашата продуктивност.

  • Високи светлечки кластери: нивната подигната позиција ги штити од потенцијални штети во случај на несреќа или удар.
  • Браник во 3 дела: индивидуалните делови се сосема лесно заменливи во случај на било какво оштетување, со ниски трошоци за поправка, споредбено со едноделниот браник.