Panda Van Hybrid

Дизајн

Покрај стилските детали кои ја прават единствена, Panda Van располага со истакнати, но меки линии, додека предниот дел е истенчен преку издигнатата позиција на светлосните групи, што ги сочинува вистинската разлика и квалитетот со кои е проектирана и конструирана: високоотпорни материјали, акустичен комфор, грижлива финална обработка.

Бои

Со Panda Van, едноставно, се добива повеќе стил. Одбери ја бојата која најдобро ја претставува твојата работа.
На располагање се шест бои, пастелни, метализирани или пак повеќеслојни метализирани бои.

Предни дневни светла

Panda Van е совршено возило за движење низ град. Предните дневни светла обезбедуваат максимална видливост и за возачите на возилата кои доаѓаат од спротивна насока.

Внатрешност

Ергономска табла

Удобноста е основната вредност на Panda Van и се огледува во секој детаљ. Ергономската табла со лесно пристапни команди е осмислена како практична повеќефункционална работна маса која на возачот му нуди максимална удобност.

Простор за предмети

Малa, но со многу простор. Големиот оддел за складирање, ти нуди практичен простор за сместување на документи и алатки за работа.

Високо поставен менувач

Рачката на менувачот во подигната положба овозможува послеано и поудобно возење, особено при ненадејни ситуации во сообраќајот.

Електричен сервоуправувач Dualdrive™

Удобноста е и уживање во возењето, Panda Van е без конкуренција благодарение на електричниот сервоуправувач Dualdrive™ со функција City за лесно движење во градскиот сообраќај.

Ви треба информација? Разговарајте со нас
>