Panda Van Hybrid

MOTOР MILD HYBRID

Новата верзија Hybrid е опремена со новиот мотор со 3 цилиндри поддржан од mild hybrid технологија од 12V за намалување на емисиите и потрошувачката на гориво. Технологија која обезбедува асистенција за време на фазата на забрзување, напојувана од литиум-јонска батерија која се полни за време на фазите на кочење и забавување, без никаква потреба од надворешно напојување. Да се вози Panda Van е уште покорисно со нејзината хибридна технологија, благодарение на намалената потрошувачка на гориво и до 14%* и уште «позелена», бидејќи ја штити околината и ги намалува емисиите на CO2. Овозможува и финансиски предности за хибридните возила.

*според WLTP хомологацијата

ПЕРФОРМАНСИ

Соочи се со твоите дневни мисии со намалување на потрошувачката на гориво и на емисиите. Новата Panda Van Hybrid може да смета на термичкиот бензински мотор, кој го гарантира главниот погон и BSG електричен систем за поддршка. Оваа комбинација на погон гарантира понепосредно стартување, нуди послеано возење и овозможува да се наполни батеријата во текот на возењето, оптимизирајќи го негативниот вртежен момент што се создава при кочење, забавување или возење во лер.

Функцијата E-Assist му овозможува на електричниот мотор да ја поддржува фазата на забрзување. Со функциите E-Coasting и E-Braking не е неопходно да се полни литиумската батерија, затоа што истата ќе се полни при забавување и кочење. Дополнително, функцијата Extended Start & Stop автоматски го исклучува термичкиот мотор под 30 km/h, со што се намалува потрошувачката на гориво.

ИНСТРУМЕНТ-ТАБЛА

Таблата на Panda Van Hybrid овозможува постојано да се следат информациите за автомобилот за да може максимално да се искористи хибридниот мотор и да се надгледува нивото на полнење на батеријата. Во текот на возењето се добиваат и упатства кога да се смени брзина, како и приказ кога автомобилот користи гориво, односно при брзина под 30 km/h. Инструмент-таблата јасно покажува и кога батеријата се полни и кога акумулира енергија, така што во реално време се следи состојбата на батеријата и надоаѓањето на енергија.

Мотори

Да се вози и да се работи со Panda Van значи да се патува безбедно и да се има доверба во ефикасниот и штедлив мотор.

MILD HYBRID 1.0 GSE 70 КС S&S

Работна зафатнина: 999 cm3
Максимална брзина: 164 km/h
Забрзување: 13,9 [0-100 km/h (s)]
Максимална моќност: 51 kW/ 70КC @ 6.000 вртежи/минута
Максимален вртежен момент: 92 Nm при 3.500 вртежи/минута
Еколошко ниво:
Euro 6d final
Комбиниран циклус (l/100 km): 5,8 – 5,2
Емисии на CO2 (g/km): 131 – 119

Вредноста на емисиите на CO2 и потрошувачката на гориво се дефинирани врз основа на официјални тестови во согласност со одредбите од Регулативата на ЕУ што важат во моментот на одобрувањето. Поточно, наведените вредности се одредуваат според процедурата за тестирање WLTP.

Вредностите на CO2 и потрошувачката се означени со единствена цел да се овозможи споредба на податоците за возилото. Хомологациските вредности на CO2 и потрошувачката можеби не се репрезентативни за вистинските вредности на CO2 и потрошувачката, кои зависат од многу поединечни фактори, како на пример стилот на возење, патот по кој се вози, временските услови и условите на патот, состојбата, користењето и опремата на возилото.

Вредностите на CO2 и потрошувачката прикажани во овој документ се однесуваат на верзиите на возилото со највисоки и најниски вредности. Овие вредности може да се променат во зависност од опремата и/или големината на избраните пневматици.

Наведените вредности на CO2 и потрошувачка не се дефинитивни и може да се развиваат по промените во производниот циклус. Во секој случај, официјалните вредности на CO2 и потрошувачката на купеното возило ќе бидат доставени со документите што го придружуваат возилото.

Во случаи кога вредностите на CO2 и потрошувачката се релевантни за пресметување на даноците и давачките кои се однесуваат на возилото, потребно е да се повикате на важечките прописи.

Ви треба информација? Разговарајте со нас