PANDA VAN

ТЕХНОЛОГИЈA

Авангардна опрема

Panda Van нуди бројни содржини за да го олесни работењето на најудобен можен начин: клима уред, сервоволан Dualdrive™, aвторадио со команди на воланот и Blue&Me TomTom 2Live кој помага за полесно снаоѓање во градскиот сообраќај, како и во пронаоѓањето на вистинскиот пат, се само дел од опремата која е на располагање.

БЕЗБЕДНОСТ

Да се работи со чувство на сигурност и заштита

Движејќи се и наоколу и работејќи со Panda Van значи да патувате безбедно (воздушни перничиња, ABS co EBD). Кај верзијата 4×4 достапен е електронскиот диференцијал ELD кој овозможува распределба на оптималниот вртежен момент во случај на лош зафат.

ABS со EBD и HBA

Антиблокирачкиот систем за сопирање (ABS) кој е интегриран во системот за сопирање спречува лизгање на тркалата независно од површината на патот и интензитетот на кочење. Системот EBD, електронска распределба на силата за сопирање, ја дели силата за сопирање помеѓу предната и задната оска за да ја оптимизира ефикасноста. Хидрауличната серво сопирачка (HBA)интегрирана во ABS ја анализира брзината за кочење и го зголемува интензитетот според притисокот на стапалото врз педалата за забрзување.

ESC

Електронска контрола на стабилноста спречува вртење на тркалото, го минимизира ризикот од лизгање, гарантира оптимална влечна сила во сите услови. ESC независно ја управува силата на сопирање, овозможувајќи исклучителна стабилност и држење.

Воздушни перничиња

Вие и вашите колеги може да патувате безбедно во Panda Van. Со предните воздушни перничиња за возачот и совозачот, можете да сметате на безбеден патнички простор дури и во случај на судир.