Scudo Goods Transport

БЕЗБЕДНОСТ

На располагање се најсофистицирани уреди со дел да Ви овозможат целосна заштита.

СОПИРАЧКИ СИСТЕМ

ЗА НАВРЕМЕНО И ПРОГРЕСИВНО КОЧЕЊЕ, КАКО И НАМАЛЕНИ ЗАСТАНУВАЧКИ ДИСТАНЦИ

  • Двоен кружен систем за кочење со серво сопирачки и 4 дискови, само-вентилирачки во предниот дел.
  • ABS anti-lock систем за кочење, како стандардна опција – со EBD (electronic brake force distribution) системот за електронска дистрибуција на силата при кочење и HBA (Hydraulic Brake Assistance) системот за хидрауличнна помош при кочењето, кои нудат помош при вонредни околности.
  • Исто така на располагање е и ESC (electronic stability program) електронскиот програм за стабилност кој се грижи за враќање на потребната насока во случај на зализгување.

СЕНЗОРИ ЗА ПАРКИРАЊЕ

ЗА ПОЛЕСНО ПАРКИРАЊЕ ВО ТЕСЕН ПРОСТОР ИЛИ КАДЕ ШТО ВИДЛИВОСТА Е НАРУШЕНА

  • Сензорите за паркирање пуштаат сигнал кој означува присуство и дистанца на одредена пречка позади самото возило.
  • Истите се интегрирани во задниот браник и се вклучуваат автоматски кога се селектира рикверц брзината.
  • Достапни по барање.

СЕНЗОР ЗА СВЕТЛО И ЗА ДОЖД

ЗА ОПТИМАЛНА ВИДЛИВОСТ ПОСТОЈАНО

Овој уред, аплициран во горниот дел на шофершајбната позади внатрешниот заден ретровизор, поседува двојна функција:

  • Ја проверува надворешната светлина со цел автоматско вклучување на предните светла (странични светла и долги светла).
  • Во случај на дожд, ги активира бришачите на шофершајбната, управувајќи го процесот и стапката на замавнувања, врз база на водата на располагање.
  • Достапно по барање.

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

ЗА ЗАШТИТА И НА ВОЗАЧОТ И НА ПАТНИЦИТЕ

На располагање:

  • Воздушно перниче за возачот (стандардно);
  • Целосна големина, 100 литарско патничко воздушно перниче (може да биде деактивирано), кое ги штити двајцата патници доколку кабината е конфигурирана со двоседечка клупа
  • Странични воздушни перничиња, кои овозможуваат заштита во делот на градите.
  • Прилагодливи појаси за врзување во три точки, со затегнувач и ограничувач на тежина, како и задни појаси за врзување во 3 точки.
  • Достапни по барање.

Сите воздушни перничиња се контролирани од софистицирана единица за електронска контрола која користи сензори исталирани во рамките на возилото, кои пресметуваат и одлучуваат колку заштитни уреди и механизми треба да бидат активирани во случај на удар.

СИСТЕМ ЗА БЕЗБЕДНОСНО ЗАКЛУЧУВАЊЕ И ПРОТИВ КРАЖБА

Пружа заштита на Вашиот товар.

Систем за аларм кој нуди двојна заштита: надворешна-преку вклучени сензори на вратите, хаубата и задниот дел-како и внатрешна, преку ултразвучни сензори кои лоцираат движења во патничкиот дел.

Брава со безбедносно заклучување, уред кој ги затвора сите брави на вратите, како и внатрешните механизми на заклучување (на располагање кај возила опремени со систем за аларм).

Достапен по барање.

Ви треба информација? Разговарајте со нас